Tuesday, April 26, 2016

GOTVI SO "FICO" - MLECNI FRANCUSKI ZEMICKI

10
ФЕВ

МЛЕЧНИ ФРАНЦУСКИ ЗЕМИЧКИ (PETITS PAINS AU LAIT)

Потребни Состојки:
  • 280гр млако млеко
  • 1 лажичка сув квасец
  • 450гр брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажички сол
  • 55гр путер
Кога збориме за врсти на лебови, французите се алфа и омега!
Секоја посета на Франција ми започнува со некој интересен традиционален леб! Интересно е што имаат повеќе од двесте врсти на лебови. Денес ќе ви откријам многу интересен рецепт за леб кој најчесто ќе го сретнете по француските хотели за појадок (покрај кроасаните – од нив нема бегање!)
Во сад ставете 280гр загреано млеко (внимавајте да не е жешко. Да можете да ставите прст во него без проблем), додадете 1 лажичка сув квасец и оставете го да се развие околу 12 минути.
Brasno-kvasec-mleko
Во поголем сад за месење (вангла) ставете 450гр брашно и додадете 2 лажички сол и 1 лажица шеќер (јас додадов стевиа, ме интересираше како ќе излезе, резултатот е супер).
Потоа додавате 55гр путер (на собна температура), со прсти спојте го путерот со брашното (да добиете една смеса).
Додадете го млекото со квасецот и замесете тесто. Вратете го во садот, покријте го со пластична фолија и оставете го да стасува околу 40 минути (или додека не се зголеми дупло во волумен).
zameseno-testo
Потоа извадете го на работната површина стиснете тупаници со рацете и исчукајте го како да сте му лути! Смешно звучи, меѓутоа на тој начин ќе ги извадите сите гасови кои се создале во процесот на ферментација (оваа постапка не е за секое тесто).
Поделете го тестото на 12 еднакви делови (користете вага).
podeleni-testa
Од секој дел истопчете го и оформете мали векници. Наредете ги во плех за печење и покријте ги со голема кеса. Оставете ги да стасуваат околу 40 минути.
Потоа направете им по три резови со остар нож (може да користите жилет) и премачкајте ги со млеко.
pred-pecenje
Загрејте ја рерната на 200 степени (без вентилатор) и ставете ги да се печат 15 минути. Потоа пуштете вентилатор, намалете ја температурата на 190 степени и печете точно 2 минути.
Готово!
posle-pecenje
Откако ќе се испечат ставете ги на решетка да се оладат. Треба да имаат тенка кора, а внатрешноста треба да е структура слична на нашата македонска погача.
Овие француски земички се идеални за појадок!
НЕВЕРОЈАТНИ СЕ!!!
П.С. – жена ми изеде 3 комада! хихихихи (кога ќе прочита дека сум ја издал, тешко мене) хихихи
Направете ги и пишете ми како ви излегоа. Поздрав.
YOU MAY ALSO LIKE
Полнет Модар Патлиџан
Гвакамоле
Перфектно Печена Кокошка
Кифла корнети

ОСТАВИ КОМЕНТАР

No comments:

Post a Comment