Thursday, April 21, 2016

DOMASNA PASTARMAJLIJA

Вкусна домашно подготвена пастрмајлија
Изненадете го Вашето семејство!
Потребно:
1кгр. Екстра бело брашно Тип 400- Жито Лукс
600 мл. млака вода
2 лажичиња сол
2 лажичиња шеќер
100 гр. масло за јадење
1 квацес
150 гр. ситно сецкано пилешко месо посолено и одстоено во сол минимум 30 минути.
1 јајце
Од сите состојки се замесува тесто и се остава тестото да стаса околу 90 минути.
Се размесува тестото и се дели на 4 дела. Секој дел се расукува во форма на чамец со притискање на средишниот дел за краевите да бидат повисоки.
Се редат парчињата месо низ целата пастрмајлија и се пече во загреана рерна на 250 степени околу 15 минути па се намалува на 200 уште 10тина минути. Кога ќе фати кора пастрмајлијата се премачкува со свинска маст.
2-3 минути пред да ја извадите пастмајлијата искршете го јајцето изматете го и прелијте го врз месото.Печете уште 2-3 минути .
Добар апетит ! Емотикон smile

No comments:

Post a Comment