Sunday, March 4, 2012

OMEGA 3 -PROTIV DEBELENJE


Со „Омега-3“ киселини против прекумерна тежина

Здравје | 22. февруари 2012 - 12:39
Група француски, британски и јапонски научници за првпат објавија дека незаситени масни киселини како што се „омега-3“ имаат и главна улога во регулирање на телесната тежина и метаболизмот.

Група француски, британски и јапонски научници за првпат објавија дека незаситени масни киселини како што се „омега-3“ имаат и главна улога во регулирање на телесната тежина и метаболизмот.
Научниците укажуваат на тој заклучок по испитување на една од штетните генетски мутации R270H врз 14.500 лица со прекумерна тежина.
Се работи за тоа дека мутацијата на генот GPR120, кој произведува ќелиски рецептор на незаситени масни киселини, ја зголемува за 60 отсто опасноста од здебелување кај луѓето.
Тие кај глувци со дезактивирање на рецепторот и исхрана богата со маснотии, воочиле брз развој на тежината проследен со дијабетес и други метаболични нарушувања.
Нормално активиран во присуство на масни тела, рецепторот кој зависи од генот GPR120 поттикнува производство на инсулин и лачење хормон на заситеност кои пресекуваат глад. Научнциите сметаат дека GPR120 рецепторот може да биде „цел“ на идни терапии против прекумерна тежина и хепатични заболувања поврзани со вишокот килограми.
тагови:

Коментари

Одговори

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
 

No comments:

Post a Comment