Monday, March 26, 2012

EKO-UCOLISTE











































Под зелени лисја, в сенка,
на ластунка долга, тенка, 
везенка или жолта, бела,
со вкус на банана зрела. 
Штом узрее мирис шири
и скарани деца мири.



Диња


Личам на глава, растам во леа, 
од облак пијам сребрена смеа. 
На себе имам кошули триста... 
Сказната секогаш ми е иста!



Зелка


Нечија будалеста глава, 
на шега се нарекува така. 
Се јаде печена или варена,
а некој во пита ја сака. 


Тиква


Сочна, зрела, жолта, 
ќе ти заслади душа. 
И дрвото и плодот се викаат...


Круша

Каде што ќе пролета прашец златен роси,
 априлското сонце на крилца го носи.
 Како дар од небото врз цвеќето слетува,
безброј цветни љубови во плодови сплетува.



Пчела


Жив цвет сред цвеќиња лета, 
нема лисје, а најлично цвета.

Пеперуга



Понеделник          Житарици со чоколадно млеко

Вторник                   Овошна салата со мед

Среда                        Парче печен леб со мешан зеленчук, кечап, 
                                        сусам  и малку путер

Четврток            Мултивитамин (сок), парче леб, 
                                       намачкан со путер со варено
                                      јајце(замена за јајцето мармалад)

Петок                   Млеко или чај(во зависност од сезоната ладни или топли),
                                    со парче леб со сирење


Млечен појадок од банана 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:    

1 лажица шеќер
5 милилитри цеден лимон
200 грама банана


ПОДГОТОВКА: 

Млекото и бананата се сецкаат, се ставаат во сад , 
се додаваат лимуновиот сок и шеќерот и се мешаат. 
Се сервираат веднаш.

Ристенски Раде 


Мафини од банани и пченкарно брашно

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 грама шеќер
200 грама пченкарно брашно
1 кесичка прашак за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
500 грама банана
2  јајца      

ПОДГОТОВКА:
Со кујнска жица изматете ги јајцата. 
Потоа, додадете го пирето кое сте го направиле од бананите,
 така што сте ги испасирале со вилушка. 
Додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, 
пченкарното брашно и половина ќесичка прашок за печиво. 
Сета тоа добро измешајте го. 
Во калап за мафини излејте ја смесата, полнете ги 2/3, 
па печете ги во загреана рерна на 180 степени, додека не поруменат.

Драгана Ризова


Овошна салата

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:    
200 грама шеќер
200 грама портокалж
4 лажици лимонов сок
100 милилитри ликер од портокал
1 кора од лимон
200 грама киви
100 грама вишни
150 грама јагоди
2 јаболка 

ПОДГОТОВКА: 

Овошјето се чисти, се сече на коцки, се посипува со шеќер, 
се ставаат ликерот и лимоновиот сок и се остава 1-2 часа во фрижидер. 
Пред да се послужи се прелеваат со преливот: 150 грама шеќер, 
сокот од лимон се ставаат на тивок оган и постојано мешајќи
 се варат додека не се добие густ сируп, па се прелева врз овошната салата. 

Драгана Ризова

Леден зелен чај

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 
5 парчиња ментол ливчиња
2 лажици мед
3 кесички зелен чај
600 милилитри вода 

ПОДГОТОВКА:  

Од вреќичките сварете чај, оставете го 5 минути да се олади,
 па во него додадете ги ментата и медот. 
Нека отстои така уште 5 минути, па извадете ги вреќичките чај. 
Ставете во замрзнувач да се олади. 
Послужете со коцки лед и ливчиња мента.  

                                                                   Драгана Ризова 


Исхрана и гладување според системот на Брег

Д-р Брег смета дека храната што човекот ја употребува треба да биде максимално блиска до нејзината природна состојба. Треба да се избегнуваат хемиски обработените производи. Тој дава список на здрава храна и на онаа што треба да се избегнува.

Здрава храна



<!--[endif]-->
- Свежо овошје и зеленчук, тврдо овошје,семки

- Продукти што содржат белковини: сите видови месо, птици, морски плодови. Месото треба да се вари што е можно помалку, бидејќи при продолженото варење белковините се губат

- Млечни производи, јајца, сирење

- Варива, мешункаст зеленчук

- Ореви и семки

- Растителни масла

- Млади зрна од житни растенија

Храна што треба да се избегнува

- Шеќер, подобро е да се замени со мед

- Бело брашно и изработки од него

- Кашкавал и тврди сирења, сладолед, замрзнати јадења со месо за чие чување се користат хемиски додатоци

- Масти од животинско потекло

- Превриено млеко,чоколада,топени сирења

Но најважно во системот на Берг е здравото гладување. Тој смета дека за прочистување на организмот неопходно е еднаш неделно да се гладува од 24 до 36 часа. За тоа време човек може да се спаси од повеќето т.н.„трговски отрови”. Ако тоа не помага, на секои три месеци треба да се спроведува 7 до 10 дневно гладување, задолжително под лекарска контрола.

Д-р Берг смета дека секој човек треба да има сопствен режим на исхрана.

Режим на рационално интегрално-биолошка исхрана на Михаил Хорен

Михаил Хорен е еден од најстарите израелски специјалисти за проблемот на исхраната.

Според него, ако човек чувствува исцрпност, голем физички и психички замор, ако му се чини дека во неговиот организам се случува нешто, тоа е сериозен сигнал дека треба да си даде целосен одмор.

Преминувањето на здрава исхрана според системот на д-р Хорен,се определува под следните услови:

- Организмот треба да добива само неопходна количина храна (обично луѓето јадат многу повеќе од неопходното)

- Треба да се внимава на рамнотежата меѓу белковините, мастите и јаглените хидрати (обично во нашата храна има многу повеќе од неопходните количини)

- Задолжително да се пијат доволно течности (вода и сокови)

- Зеленчукот треба да влегува во составот на храната заедно со оние делови што содржат минерали и витамини.

- Растителните производи треба да се одгледуваат на чисти почви.


<!--[endif]-->
Д-р Хорен е убеден вегетаријанец. Но сепак дозволува употреба на мали количини месо и риба.

Постојат многу системи за организација на исхраната и прочистување на организмот.

Но ниедна од предложените теории не треба да се применува како единствена варијанта.




На излет

Сонце, воздух и вода –
лекари се три ,
ако знаеш да ги цениш,
здрав ќе бидеш ти !

В гора често оди,
меѓу зелен лист,
весели се, играј, скокај,
диши воздух чист!


Еко песна

Зошто ме прашувате
каков ни е градот!
Гледејте го снегот
поцрн е од чадот!     


Еколози,биолози
каде ли сте сега
градот в магла сиот е 
никој не го гледа!


Зошто ме прашувате 
колку коли в градот?

Бојата ја смениле
сосема од чадот!


Нашата пак река 
стана како бара,
а за чиста вода 
знам од сказна стара!




ЕКОЛОГИЈА

Еко системот
Како да го зачуваме
Од луѓето што го загадуваат
Лалиња да посадиме
Отпадот да го фрламе каде што треба
Гасови штетни во воздухот да нема
И улиците чисти да ни бидат
Јас се залагам за здрава средина
А и вие исто така.

No comments:

Post a Comment