Monday, February 13, 2012

ORIGANOTO- LIK ZA SINUSI


Ориганото спас за астма и за синуси

  • Објавено: 12.02.2012 15:16
  • Прочитано: 833
  • Печати
Доколку сте љубител на италијанската храна, а особено на пицата, тогаш најверојатно безброј пати сте уживале во богатиот вкус на ориганото. Оваа вкусна билка со специфичен мирис содржи бројни минерали како што се бакар, ниацин и бета каротен, како и други хранливи материи.
Нутриционистите истакнуваат дека ориганото е 42 пати побогато со антиоксиданси од јаболката, 12 пати од портокалот и четири пати од боровинките.
Ориганото, како и босилекот и рузмаринот, ја содржи таканаречената ризмаринска киселина, силен антиоксиданс којшто помага во спречувањето на оштетувањето на клетките предизвикани од слободните радикали, со што се намалува ризикот од рак, срцеви болести, атеросклероза и од прерано стареење. Поради своето карактеристично противоспалително дејство, рузмаринската киселина претставува делотворен третман за алергиската астма.
Ориганото, исто така, изобилува со антибактериски својства, вклучувајќи ги маслата тимол и карвакрол. Истражувањата покажале дека овие два споеви го стопираат растењето на многу видови бактерии.
Овој специфичен зачин е делотворен и против акни, артритис, канцерогени заболувања, воспалителни состојби и мутирање на клетките. Исто така, ориганото го поттикнува варењето и функционирањето на црниот дроб и жолчката, а успешно се применува и кај акутно и хронично воспаление на синусите, вирозите, грипот и настинката, но и кај хроничната главоболка.

No comments:

Post a Comment