- КАЧУНКИ, КАЧУНКИ, РАЗБУДЕТЕ СЕ, ЈАС ВЕ МИЛУВАМ СО МОИТЕ НЕЖНИ И ТОПЛИ ЗРАЦИ, АЈДЕ СТАНЕТЕ! - КАЧУНКИТЕ СЕ РАСОНИЈА, СЕ РАЗБУДУЈА ОД ЗИМСКИОТ СОН И РЕКОА - ДОЈДЕ ЛИ ВРЕМЕТО ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ НАД ЗЕМЈАТА, ДОЈДЕ ЛИ ПРОЛЕТТА НА ОВАА ПОЛЈАНКА КАДЕ ШТО СЕКОГАШ ТОПЛОТО СОНЦЕ ГИ ПУШТА СВОИТЕ ЗРАЦИ, НЕ МИЛУВА И ЖИВОТ НИ ДАВА?
ЗРАЦИТЕ РАДОСНО СЕ НАСМЕВНАА, ГИ ПОГАЛИЈА КАЧУНКИТЕ И СОНЦЕТО ГО ПРОДОЛЖИ ПАТОТ НА БУДЕЊЕТО. СОНЦЕТО ПОТОА, ГИ РАЗБУДИ ГОРСКИТЕ ЦВЕТОВИ СО СВОИТЕ ТОПЛИ ЗРАЦИ И НЕЖНИ ЗБОРОВИ. ГОРСКИ ЦВЕТОВИ, СНЕГОТ СЕ ТОПИ, ПРИРОДАТА СЕ БУДИ, СЕ СЛУША ЖУБОРЕЊЕТО НА ПОТОЧЕТО И ПОТПЕВНУВАЊЕТО НА ПТИЦИТЕ, РАЗБУДЕТЕ СЕ! ГОРСКИТЕ ЦВЕТОВИ СЕ РАСОНИЈА, СЕ РАЗБУДИЈА ОД ЗИМСКИОТ СОН И РЕКОА. - БЛАГОДАРИМЕ МИЛО СОНЦЕ ЗА БУДЕЊЕТО И МИЛУВАЊЕТО СО ТВОИТЕ ТОПЛИ ЗРАЦИ, ТИ ЖИВОТ НИ ДАРИ, ТРЕБА ДА СЕ СЛАВИ. КОКИЧИЊАТА, КАЧУНКИТЕ И ГОРСКИТЕ ЦВЕТОВИ, КОГА СЕ ВИДОА САМИ НА ПЛАНИНСКИОТ БРЕГ, ГО ЗАМОЛИЈА СОНЦЕТО. - МИЛО СОНЦЕ, СО ТВОИТЕ ТОПЛИ ЗРАЦИ РАЗБУДИ ГИ И ПОБИКАЈ ГИ СИТЕ ПРОЛЕТНИ ЦВЕЌИЊА. -НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ, ДРАГИ МОИ, ВИЕ СТЕ САМО ПРЕДВЕСНИЦИ НА ПРОЛЕТТА, НАСКОРО ЌЕ ДОЈДЕ И ТОЈ ДЕН. ЈАС НА СИТЕ ЦВЕЌИЊА ЖИВОТ ЌЕ ИМ ДАДАМ, - РЕЧЕ СОНЦЕТО. ВЕСЕЛИТЕ, РАЗНОБУДНИ ЦВЕЌИЊА, СРЕЌНИ И ЗАДОВОЛНИ ПЕСНА ЗАПЕЕЈА, ОРО ЗАИГРАА, БУКЕТ ШАРЕН НАПРАВИЈА И ЗА БЛАГОДАРНОСТ НА СОНЦЕТО ГО ПОДАРИЈА. ----- МАЈА БОЗОВИЦ -- ЕК |
No comments:
Post a Comment