| Под зелени лисја, в сенка, на ластунка долга, тенка, везенка или жолта,
бела, со вкус на банана зрела. Штом узрее мирис шири и скарани деца
мири. |
| Прикажи
одговор
диња
|
| Личам на глава, растам во леа, од облак пијам сребрена смеа. На себе имам
кошули триста... Сказната секогаш ми е иста! |
| Прикажи
одговор
зелка
|
| Нечија будалеста глава, на шега се нарекува така. Се јаде печена или варена,
а некој во пита ја сака. |
| Прикажи
одговор
тиква
|
| Зимно време ве чекаме со зимско сонце и снежина а лете со зеленило и
благотворна свежина. За одмор жими ушево најдобро е во... |
| Прикажи
одговор
Крушево
|
| Неговата вештина граници нема, со чук на железото мерка му зема. |
| Прикажи
одговор
ковач
|
| Кој го управува авионот во облаците горе? Не го плаши бескрајот на небесното
море! |
| Прикажи
одговор
пилот
|
| Лекува болни, советува здрави и сето тоа со љубов го прави. |
| Прикажи
одговор
лекар
|
| Тој управува со тоа чудо што се движи по две шини лудо. |
| Прикажи
одговор
машиновозач
|
| Една мајка јато деца води, а ниедно живо не го роди. |
| Прикажи
одговор
квачка и
пилиња
|
No comments:
Post a Comment