Thursday, February 23, 2012

РОДИТЕЛСКО КАТЧЕ - КОЈ ВИ Е МИЛ ...

КОЈ ВИ Е МИЛ
------
НА СИТЕ ОНИЕ КОИ ГИ САКАМЕ ИМАМЕ ЖЕЛБА НЕШТО ДА ИМ ПОДАРИМЕ СО ШТО ЌЕ ГИ ИЗРАЗИМЕ НАШИТЕ ЧУВСТВА,СИМПАТИИ,/ ПРЕКРАСНО Е ЧУВСТВОТО ДА СЕ ЗНАЕ ДЕКА НЕКОЈ МНОГУ ВЕ САКА , ДЕКА СТЕ МУ ДРАГ, МИЛ , А И ВИЕ САКАТЕ НЕКОГО.

ЧЕСТО ДОБИВАМЕ ЖЕЛБА НА САКАНИТЕ ДА ИМ ПОДАРИМЕ НЕШТО И ЗНАЕМЕ ДЕКА ТОА ЌЕ ГИ НАПРАВИМЕ СРЕЌНИ И ЗАДОВОЛНИ.

МОЖЕ ДА ПОДАРИМЕ БАКНЕЖИ, НАСМЕВКА, ЛИЧНА ИЗТАБОТКА, СЛИКА ШТО НЕДОСТАСУВА ВО АЛБУМОТ...

ДРАГИ РОДИТЕЛИ, ЗАЕДНО СО ВАШИТЕ ЧЛЕНОВИ ВО СЕМЕЈСТВОТО РАЗМИСЛЕТЕ ОКОЛУ ПОДАРОЦИТЕ. ТИЕ ТРЕБА ДА БИДАТ СООДВЕТНИ ЗА СИТЕ ШТО ГИ САКАТЕ.

СРЕЌЕН ОСМИ МАРТ МИЛА МАМО!
  КОГА ЌЕ ПОГЛЕДНАМ ВО МАМИНИТЕ ОЧИ,ВО МЕНЕ РАДОСТ СЕ ТОЧИ!
СРЕЌЕН ДА ТИ Е ЗА СЕКОГАШ!

ЗА МЕНЕ ТИ СИ, МАМО,
ИЗВОР ШТО ТОПЛИНА ДАРИ,
ЗА МЕНЕ ТИ СИ БОГАТСТВО
ШТО НЕ СЕ КУПУВА СО ПАРИ.


ЧУВСТВОТО ЗА ЉУБОВ КАЈ ДЕТЕТО МОЖЕ ДА ГО ПОТТИКНУВАТЕ АКО, ДОДЕКА ДЕТЕТО ЦРТА, БАРАТЕ ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИТЕ ПРАШАЊА;

-  КОЈ ТИ Е МИЛ?
- КАКО ЗНАЕШ ДЕКА НЕКОЈ ТИ Е МИЛ?
- ШТО ЧУВСТВУВАШ КОГА НЕКОЈ ТИ Е МИЛ?
- ШТО РАБОТИ И КАКО СЕ ОДНЕСУВА ТАА ЛИЧНОСТ КОЈА ТИ Е МИЛА?
- ШТО ИМ ПРАВИШ НА ОНИЕ КОИ ТИ СЕ МИЛИ?
- КАКО ТИЕ ЗНААТ ДЕКА ТИ СИ МУ МИЛ?
- ШТО ТИЕ ПРАВАТ, КАКО СЕ ОДНЕСУВААТ СПРЕМА ТЕБЕ?
- КОИ СЕ ТИЕ ЛИЧНОСТИ КОИ МОЖАТ ДА ТИ БИДАТ МИЛИ? ОД ШТО ТОА ЗАВИСИ?

ПРЕПОРАКА
---
ДЕТЕТО НЕКА ГО НАЦРТА СЛЕДНОТО:

СЕ ЦРТА СЕБЕ СИ И ПОКРАЈ СЕБЕ ОНИЕ КОИ МУ СЕ МИЛИ, НА ПОМАЛ ФОРМАТ ХАРТИЈА, ТАКА ДА ТОЈ ОДНОС И НИВНИТЕ МЕЃУСЕБНИ ОДНОСИ СЕ ВИДАТ НА ЦРТЕЖОТ.
 ЦРТЕЖОТ МОЖЕ ДА СЕ ВРАМИ.
-----
ЕК

No comments:

Post a Comment