КОИ СЕ ТВОИТЕ ЖЕЛБИ --- СЕКОЈ ОД НАС ИМА ЖЕЛБИ, НИВ СЕКОГАШ ПРВИН ГИ ЗАМИСЛУВАМЕ. КОИ СЕ ТВОИТЕ ЖЕЛБИ? МОЖЕБИ ЕДНА ОД НИВ Е ДА ГО ЧЕСТИТАШ ПРАЗНИКОТ, НА МАМА, БАБА...
НАЦРТАЈ ГИ ТВОИТЕ ЖЕЛБИ И НАПРАВИ ЧЕСТИТКА! И ОНИЕ ШТО НАЈМНОГУ ГИ САКАШ, АКО СЕ ДО ТЕБЕ, СЕКАКО, БАКНИ ГИ!
ЗОШТО СЕ БАКНУВАМЕ? --- НЕ ЗНАЕМЕ КОЈ ГО ИЗМИСЛИЛ БАКНЕЖОТ. ВЕРИЈАТНО, ОД СЕКОГАШ ПОСТОИ. КОГА НЕКОГО БАКНУВАМЕ- ЈАСНО Е -ГО САКАМЕ, МИЛ НИ Е, БЛИЗОК НИ Е . БАКНЕЖОТ Е НАЈТОПЛИОТ ИЗРАЗ НА ЉУБОВТА. МАЈКАТА БЕЗБРОЈ ПАТИ ГО БАКНУВА СВОЕТО ДЕТЕ, А И ТОА НЕА.
КОГА ДВАЈЦА СЕ САКААТ, СЕ БАКНУВААТ. МАМА И ТАТО СЕ БАКНУВААТ.
СЕ БАКНУВАМЕ КОГА СЕ СОСТАНУВАМЕ И КОГА СЕ РАЗДЕЛУВАМЕ. СЕ БАКНУВАМЕ КОГА САКАМЕ ДА ЈА ПОДЕЛИМЕ РАДОСТА СО НЕКОГО, НО И ТАГАТА.
БЕБИЊАТА УШТЕ НЕ ЗНААТ ДА ЗБОРУВААТ, НО СЕ БАКНУВААТ, СЕ САКААТ...
No comments:
Post a Comment