Friday, February 10, 2012

СРЕДБА

ЗДРАВО.
КАКО СЕ ВИКАШ?
---
А КАКО СЕ ВИКАШ ТИ?
---
ЈАС ТЕБЕ ПРВА ТЕ ПРАШАВ.

---
ТИ МЕНЕ ПРВ НЕ МЕ ПРАША.
---
ЈАС ТЕБЕ ПРВА ТЕ ПРАШАВ!
---
ДОБРО.
ДВАЈЦАТА ПРВИ СЕ ПРАШАВМЕ.
---
НЕ ПРАШАВМЕ ДВАЈЦАТА ПРВИ.
ЈАС ТЕБЕ ТЕ ПРАШАВ!
---
А ШТО ПРВО МЕ ПРАША?
---
ТЕ ПРАШАВ...ТЕ ПРАШАВ...
НЕ ЗНАМ! ШТО ТЕ ПРАШАВ?
---
А ШТО ТЕ ПРАШАВ ЈАС?
---
АЈДЕ ОД ПОЧЕТОК.
ЗДРАВО. ЈАС СУМ МИЛКА. А ТИ?
---
ЈАС СУМ МИЛЕ.
---
ОД ОВА ДЕВОЈЧЕ НЕМА ПОУБАВО ДЕВОЈЧЕ!
ОД ОВА МОМЧЕ НЕМА ПОДОБРО МОМЧЕ!
------------
А ОД ЗБОРОТ
 З А Е Д Н О
 НЕМА ПОГОЛЕМ ВОЛШЕБНИК.
---
ЕК



No comments:

Post a Comment