Wednesday, February 29, 2012

НАСТАВА - УЧЕЊЕ- СОЊА ДАНИЛОВСКА


НАСТАВА-УЧЕЊE    наставник                                    Соња Даниловсka  
     


                                                                                           





                                                                                                  


Содржини на сајтот



            



Пребарување






      






        



   

  











         












       

















          































              
























    




          

























    


   
              



  Родителите имаат многу улоги во животот на детето. Тие се 

воспитувачи, доктори, тренери, возачи, учители, медијатори,

  готвачи...Листата би можела да оди во недоглед. Но 

родителите пред се' треба да им бидат пример на своите деца...

       

                        
 

САКАЈТЕ ГО ВАШЕТО ДЕТЕ ТАКА ШТО ЌЕ ГО ПОЧИТУВАТЕ 

 КАКО ПАМЕТНА И ВРЕДНА ЛИЧНОСТ, А НЕ ТАКА ШТО ЌЕ

        МУ ГИ ИСПОЛНУВАТЕ СИТЕ ЖЕЛБИ!!                    




      СО ВАШИОТ ОДНОС ВЛЕЈТЕ МУ ДОВЕРБА ЗА ДА 

        БИДЕ СПОСОБНО ДА ВИ СЕ ДОВЕРУВА            

 
 
 ПОКАЖЕТЕ МУ НА ДЕТЕТО КАКО ДА ГИ ПОЧИТУВА ДРУГИТЕ ЛУЃЕ!!



 
                      
   За моите мама и тато!!!
1 Моите рачиња се мали- не очекувајте совршено да го наместам креветот, да цртам или фрлам топка. Моите нозе се кратки- подзастанете за да можам да ве стигнам.
2. Моите очи се уште не го виделе светот како вашите- помогнете ми да го откријам светот. Немојте да ме спречувате.
3. Домашните обврски нема да избегаат. Нема уште долго да бидам мало детенце-затоа најдете време за игра со мене.
4. Јас сум вашиот скапоцен подарок-така и однесувајте се со мене.
5. Потребна ми е вашата подршка додека растам. Учете ме но немојте да ми забележувате и да ме казнувате. Запаметете- можете да давате забелешки на моите постапки, но не на мене.
6. Помогнете ми да научам да донесувам одлуки. Дозволете ми да згрешам како би можел/а  многу да научам од сопствените грешки. Така еден ден ке бидам способен да донесувам вистински одлуки.
7. Не плашете се да поминете одредено време без мене, потребен ви е и одмор. А тоа е
 вистински начин да ми покажете дека сте си и мегусебно важни.
8. Знам дека тоа е тешко, но немојте да ме споредувате со моите браќа или сестри, или пак со

други деца. Тоа ме прави да се чувствувам како да не сум доволно добар ваков каков што сум.

9. Не правете наместо мене – тогаш имам чувство дека не ви се допаѓа она што јас го правам.

10. Запаметете- Ве сакам најмногу на светот!!! 
Вие сте мојот свет и се она што ке го направете
 или нема да го направите-остава трага во моето срце!!

                                                  


Секој  родител треба да знае дека детето еден ден ќе го следи неговиот пример, а не неговиот совет!!

- Децата кои живеат во понижување - ќе научат да бидат плашливи.
- Децата кои живеат во срам - ќе научат да се чувствуваат виновни.
- Децата кои живеат во непријателство - ќе научат да се борат .
- Децата кои живеат со критика - ќе научат да осудуваат . 
- Децата кои живеат во рамнодушност – ќе научат да бидат осамени.
- Децата кои живеат во толеранција - ќе научат да бидат толерантни.
- Децата кои живеат во еднаквост - ќе научат да бидат праведни.
- Децата кои живеат во сигурност - ќе научат да веруваат.
- Децата кои живеат со пофалби - ќе научат да оддаваат признание.
- Децата кои живеат во почитување - ќе научат да се ценат самите себе.
- Децата кои живеат со уважување и пријателство - ќе научат да најдат мир и љубов во светот.



                                                                              
                 

   
Проблемите ке бидат помали ако како родители, наместо живот "за децата" обезбедиме живот  "со децата", проткаен со меѓусебна доверба, љубов и меѓусебно почитување!! - Коменски
     
Ako tvoeto dete te pobara so svojot pogled -pogledni go!!
Ako tvoeto dete te dopre so svoite race - pregrni go !!
Ako tvoeto dete te dopre so svoite usni - bakni go!!
Ako tvoeto dete saka ne{to da ti ka`e - poslu{aj go!!
Ako tvoeto dete se ~uvstvuva nemo}no - pomogni mu!!
Ako tvoeto dete se ~uvstvuva samo - sledi go!!
Ako tvoeto dete se `uvstvuva ta`no -  ute{i go!!
Ako tvoeto dete se naoga vo  pote{kotii- osokoli go!!
Ako tvoeto dete do`ivee neuspeh - za{titi go!!
Ako tvoeto dete izgubi nade` - ohrabri go!!
                                 
      Родители!!!
 -Посејте постапки - ке жнеете навики!!!

 -Посејте навики- ке жнеете карактер!!!

 -Посејте карактер - ке ја жнеете судбината!

 За негување, чување и воспитување на новиот човек потребно е постојано да бидеме во корелација со неговите години:
 со детето-дете; со ученикот-ученик; со човекот-човек; се разбира под цензурата на стекнатата мудрост!!


 Децата се најскапиот подарок и богатство достоен за почит!!!

Од децата до родителите!

  • Не ме разгалувајте. Јасно ми е дека нема да имам се што ќе посакам. Само ве ставам во искушение.
  •  Не плашете се да бидете строги. Тоа ми се допаѓа. Знам дека некој се грижи за мене.           
  •  Не ме терајте со сила. Тоа ми кажува дека на сила ќе можам се. Подобро ќе реагирам на совет.
  •  Не бидете недоследни. Тоа ме збунува и ме тера да побегнам од сите обврски.
  • Не ветувајте. Можеби нема да можете да го исполните ветувањето, и ќе изгубам доверба.
  •  Не верувајте на моите провокации кога правам работи само за да ве растажам. Би можело да се обидам пак да ве победам.
  •  Немојте да се растажите кога велам дека не ве сакам. Не го мислам тоа, но сакам  да зажалите за она што сте го направиле.
  •  Не правете да се чувствувам помало отколку што сум. Така само ќе глумам дека сум големо.
  •  Немојте наместо мене да правите работи кои можам да ги направам само. Така се чувствувам како бебе, а би можело и да почнам да ве доживувам како слуги.
  •  Не ставајте акцент на моите лоши навики. Тоа само ќе ме охрабри да продолжам.
  •  Не ме корегирајте пред  сите. Ќе бидам многу повнимателно ако со мене разговарате тивко и насамо.
  •  За моето однесување не дискутирајте кога се расправате. Незнам зошто тогаш слабо ми се слуша и не сум склоно кон соработка. Во ред е да се преземат потребните мерки, но дискусијата одложете ја за подоцна.
  •  Не ми создавајте чувство како моите грешки да се гревови. Морам да научам да грешам а да не се чувствувам лош.
  •  Не ми приговарајте баш секогаш. Ако го правите тоа ќе морам да се правам глуво. Не барајте објаснувања за моето однесување. Понекогаш навистина незнам зошто сум направило нешто.
  •  Не ја преценувајте мојата чесност. Лесно е да ме заплашите и да почнам да лажам.
  •  Не заборавајте дека сакам да експериментирам. Јас  така учам, па ве молам бидете стрпливи.
  •  Немојте да ме штитите од последиците. Морам да учам од искуство.
  •  Не обрнувајте премногу внимание кога сум полесно болно или настинато. Би можело да почнам да привлекувам внимание со симптоми на лошо здравје.
  •  Не ме одбивајте кога барам одговори на нормални прашања. Ако ме одбиете ќе престанам да ве прашувам, но одговорите ќе ги барам на друго место.
  •  Од друга страна, не одговарајте на смешни и бесмислени прашања. Ако ме одбиете, ќе забележите дека само сакам да бидете со мене.
  • Не давајте ми сигнали дека сте идеални и дека не грешите. Тешко е да се живее со такви луѓе. Не грижете се што сме кратко време заедно. Важно е како го поминуваме времето.
  •  Моите стравови нека не бидат ваш товар. Така ќе се исплашам уште повеќе. Покажете ми дека сте храбри.
  •  Не заборавјте дека нема да бидам ист без многу разбирање и поддршка. Заслужените пофалби некогаш ги нема, но прекорот е секогаш тука.
  •  Третирајте ме како еден од своите пријатели, па и јас ќе бидам ваш пријател.
  •  Запомнете: повеќе ќе научам од пример, отколку од критика

                               


 разгледајте ги и останатите страници од менито на соджини на сајтот

 наставник Соња Даниловска



     

Календар
«  February 2012  »
Su Mo Tu We Th Fr Sa
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29


Посетители

Total online: 2
Guests: 2
Users: 0







    Администратор и креатор
наставник   Соња Даниловска
                     























      
































     





















      















    



















      



















       
                                                                                                                           


1 comment: