Sunday, May 8, 2016

PRAVDIKO - DOGOVOR POD ZAKUP

Правдико

   

Вашите права и обврски кога склучувате договор за закуп на стан

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Сопственик на стан може да го дава станот под закуп со склучување на договор за закуп. Освен целиот стан постои можност сопственикот да  даде под закуп дел од сопствениот стан во кој и живее, при што е должен да склучи договор за закуп за тој дел.  Договорот за закуп и договорот за подзакуп се склучуваат во писмена форма и се заверуваат од нотар.
Лице кое користи стан, а со сопственикот не склучило договор за закуп односно не го продолжило договорот за закуп склучен на определено време, станот го користи без правен основ.
Обврски на закуподавачот после склучување на договорот
Со склучување на договорот за закуп закуподавачот  е должен да:
1) го предаде станот кој е предмет на закуп според договорот за закуп во исправна состојба со цел да му се овозможува на закупецот редовно да го користи станот согласно со нормите и стандардите за домување;
2) го одржува станот и да ги поднесува трошоците за редовно одржување на станбената зграда и за резервниот фонд, во согласност со нормите и стандардите за домување;
3) одговара на закупецот за сите недостатоци на закупениот стан што ја попречуваат неговата договорена или редовна употреба, како и за правата на трети лица врз закупениот стан и
4) достави примерок од договорот за закуп до органот на управата надлежен за работите на јавните приходи во местото каде што се наоѓа станот и до надлежната служба на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје која води регистар на договори за станови дадени под закуп, во рок од 30 дена од склучувањето на договорот за закуп, односно подзакуп или анексот кон договорот за закуп, односно подзакуп.
Ако состојбата во станот не му овозможува на закупецот редовно користење на станот или на заедничките делови, односно не му овозможува сигурен и здрав престој, закупецот може да предложи на инспекциската служба во општините и општините во градот Скопје, да му наложи на сопственикот извршување на одредени работи потребни за обезбедување на редовно користење на становите или заедничките делови за сигурен и здрав престој, согласно со нормите и стандардите за домување во станбени згради.
Ако закуподавачот не постапи по налогот на инспекциската служба, закупецот може самиот да ги изврши тие работи на трошок на закуподавачот. Закупецот има право на намалување на закупнината до висината на трошоците што ги вложил за извршување на работите.

Права и обврски на закупецот

Со склучување на договорот за закуп закупецот на стан ги има следниве обврски:
1) да го користи станот во согласност со договорот за закуп;
2) да одговара за штетата настаната при неправилно, односно недомаќинско користење на станот;
3) да му овозможи на сопственикот, односно на неговиот полномошник пристап во станот заради проверка на правилното користење на станот, најмалку два пати годишно;
4) да ги плаќа трошоците за поправки на станот што се последица на неправилно, односно недомаќинско користење на станот спротивно на одредбите на договорот за закуп и важечките норми и стандарди за домување;
5) да го извести сопственикот за недостатоците на станот за чие отстранување одговара сопственикот во согласност со овој закон и важечките норми и стандарди за домување;
6) да ја плаќа закупнината за закупениот стан, во согласност со договорот за закуп и овој закон;
7) редовно да ги плаќа трошоците за испорачана електрична енергија, вода, греење, телекомуникации и други комунални надоместоци што произлегуваат од користењето на станот;
8) да побара согласност од закуподавачот за користење на станот од страна на друго лице покрај закупецот кое не е наведено во договорот за закуп, за период не подолг од три месеца и
9) да му предложи на закуподавачот склучување на анекс на договорот за закуп доколку бројот на лица кои го користат станот се промени.
sign-lease-contract1Продолжување на закупот за одреден период
Закупецот на кого станот му е даден под закуп за определен период, може да му предложи на закуподавачот продолжување на договорот за закуп, во писмена форма најдоцна во рок од 30 дена пред истекот на договорот за закуп. Доколку договорот не биде продолжен во рокот, закупецот е должен да го испразни станот од лица и предмети и да го врати на закуподавачот по престанувањето на договорот за закуп, освен ако со договорот за закуп поинаку не е определено.
Забрана за вршење интервенции
Закупецот не смее да врши промени во станот или да вградува опрема или уреди, да врши функционални инвестиции или подобрувања на станот без претходна писмена согласност од страна на закуподавачот заверена од нотар.
Согласноста на закуподавачот  истовремено претставува овластување дека закупецот може да бара во име на закуподавачот издавање на потребно одобрение за адаптација пред надлежен орган.

Права на закупецот

Закупецот на стан ги има следниве права:
1) непречено да го користи станот;
2) да врши поправки во станот, ако поправката е неодложна за да се отстранат штетни последици по животот или здравјето на станарите или на станот и опремата во него од поголем обем и да бара надоместок на трошоците настанати поради поправките;
3) да бара надоместок на штета во еднократен износ или намалување на закупнината за издатоците направени заради извршување на работите за овозможување сигурен и здрав престој;
4) да бара враќање на превисоко пресметаната закупнина и
5) да бара сразмерно намалување на закупнината за време кога станот не било можно да се користи редовно, поради тоа што закуподавачот ги занемарил своите должности.
Право на враќање на сопствените вложувања на закупецот
При иселување од станот закупецот има право на враќање на неамортизираниот дел на корисните и потребни вложувања во станот што ги направил во согласност со сопственикот, ако со него поинаку не се договори.

Раскинување на договор за закуп од страна на закупецот

Закупот престанува со раскинување на договорот за закуп. Доколку поинаку не е договорено, закупецот може да го раскине договорот за закуп во секое време без да ги наведе причините, со отказен рок од 90 дена. По престанок на договорот за закуп, закупецот е должен да го предаде станот на закуподавачот во истата состојба во која го примил, при што ќе се земат предвид промените настанати од нормална употреба на станот, како и оние кои закупецот ги извршил со согласност на закуподавачот.
–ПРАВДИКО–
Поврзани статии:
 

Препорачуваме

Партнери на Правдико

1 comment:

  1. друштвото за заем што ми дава заем од 5.000.000,00 УСД Кога другите инвеститори за заеми ја занемаруваат мојата понуда, но г-ѓа Бенџамин ли ми даде кредит за успех.Тие се директно во финансирање на заем и проект во однос на инвестициите. тие обезбедуваат решенија за финансирање на компаниите и поединците кои бараат пристап до фондовите на пазарот на капитал, можат да ви помогнат да го финансирате вашиот проект или да го проширите вашиот бизнис .. Контакт преку е-пошта :::: Исто така Lfdsloans@outlook.com или напишете на whatsapp Број на + 1- ( 989-394-3740)

    ReplyDelete