Козињак (Милиброд)
Автор:
Редакција Рингераја
Редакција Рингераја
Прекрасен мирис се шири во кујната
Подготовка
Се става квасецот да скисне во една чаша топла вода со малку шеќер. Се замесува тесто од сите состојки (освен мармаладот и сувото грозје). Тестото да биде средно меко. Се покрива со крпа и се остава на топло да скисне. Откако еднаш ќе скисне, се размесува со малку брашно и се остава втор пат да скисне. Кога и втор пат скиснало, тестото се размесува убаво и се дели на пола. Едниот дел се остава на страна покриен со крпа. Се зема половината тесто и се дели на два дела. Од првите два дела се прават два ролати со мармаладот. Се расукува правоаголна кора ( ширина колку плехот за печење ) се мачка со мармалад и се витка како ролат. Се става на плехот. Истото се повторува и со другиот дел, се мачка мармалад, се витка ролат и се става во плехот на малку растојание од првиот ролат. Потоа се зема другата половина од тестото. Се дели на 6 еднакви топчиња. Од топчињата се прават долги како ленти со раце ( како сукало ). На секоја лента се става суво грозје и повторно со раце се сучат за да се соедини тестото со грозјето. Се земаат по три ленти и се плетат како плетенки. Истото се повторува и со другите три ленти. Се ставаат на плехот кај ролатите ( поголем плех ) се мачкаат сите со жолчка од јајце и се посипуваат со ванилин шеќер. Се печат на умерена температура 1 час. Откако ќе се испечат се покриваат убаво да омекнат и после 15 минути се вадат од плехот и се оставаат завиткани додека сосема не се изладат.
Време на подготовка од: 120
Време на подготовка до: 180
Број на лица: 6+
Kомплицираност: 3
Време на подготовка до: 180
Број на лица: 6+
Kомплицираност: 3
Состав
-4 јајца
-? литар млеко
-1 чаша масло
-1 квасец
-1 чаша вода
-300 гр шеќер
-стругана кора од 1 лимон
-мармалад ( јас користам мешан, домашен)
-суво грозје
-брашно по потреба
-? литар млеко
-1 чаша масло
-1 квасец
-1 чаша вода
-300 гр шеќер
-стругана кора од 1 лимон
-мармалад ( јас користам мешан, домашен)
-суво грозје
-брашно по потреба
Погледнете што се' можете да најдете на Вашиот омилен семеен портал. Погледнете го списокот на алатки кој секако ќе Ви затреба еднаш во животот.
- Decata moj
- Христос Воскресе! Вистина Воскресе! И оваа ноќ донесовме светлина од х...Велигденското зајаче е едно од најраспространетите и најпознати симбол...Полнетите јајца се сјајно предјадење за секоја прилика, а различните ф...ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Бремена жена доби судски спор против фирма што ?...Колку конзервирана храна консумирате? Новото истражување спроведено во...
No comments:
Post a Comment