Wednesday, December 16, 2015

SLUZBEN VESNIK

Службен весник на РМ, бр. 202 од 31.12.2014 година 1 од 9 20142026309 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 20 став 2 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014 и 144/2014) и член 33 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 155/2014) Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 29.12.2014 година, донесе П Р О Г Р А М А ЗА РАЗВОЈ НА ДЕЈНОСТА ЗА ЗАШТИТАТА НА ДЕЦАТА ЗА 2015 ГОДИНА I. Вовед Заштитата на децата како систем на организирани мерки и активности на државата за грижа и заштита на децата се остварува согласно со Законот за заштита на децата и подзаконските акти. Развојот на дејноста за заштитата на децата се утврдува со оваа програма која е во функција на спроведување и унапредување на системот на заштитата на децата. Остварувањето на оваа програма е во согласност со утврдените програми со Буџетот на Република Македонија за 2015 година, како и врз основа на одредбите во Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година во делот на надоместоците за детска заштита. II. Цели и приоритети на развојот на заштитата на децата Основна цел на дејноста за заштитата на децата и во текот на 2015 година е обезбедување на услови за оптимален опфат на децата во системот на правата за заштита на децата како и на зголемен опфат на децата со згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, целосно и рационално искористување на просторните, кадровските и другите ресурси, како и на создадените услови за други форми на згрижување и воспитание на популацијата деца до 6 години живот. Активностите во насока на подобрување на заштитата на децата во 2015 година ќе бидат насочени кон остварување на следните основни задачи: - заокружувањето на процесот на децентрализацијата во дејноста заштита на децата ќе продолжи преку соработка со органите на единиците на локалната самоуправа, односно со продолжување на давањето поддршка за основање на општински детски градинки со цел самостојно функционирање на објектите на јавните установи за деца кои се лоцирани на нивната општина, како и основање на нови јавни установи за деца со помал капацитет и усогласен со потребите на општината, давање поддршка на општините и општините во градот Скопје во создавањето и обезбедувањето на нови или дополнителни просторни услови – детски градинки/центри за ран детски развој за давање услуги згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, давање на препораки и насоки и воспоставување на партнерски однос во реализирање на развојот на дејноста; -плурализациј

No comments:

Post a Comment