ДОМАШНИ КИФЛИЧКИ
За денес ви предлагаме да одите на ручек кај мама, а за вечера врзете некоја престилка и придружете ни се во кујната, бидејќи ќе правиме кифли. Сo сиренце или без, како предјадење или додаток на главно јадење, кифличкиве се едноставно фантастични!
Кифлички
- PREP: 45 MINS
- COOK: 40 MINS
- READY IN: 1 HR 25 MINS
Можеби ќе ви изгледа дека подготовката е сложена, но верувајте ми, воопшто не е, а вложениот труд и тоа како се исплати.
INGREDIENTS
- 1 кг брашно тип 400
- 400 мл млеко
- 2 свеж квасец
- 300 мл масло
- 3 супени лажици шеќер
- 3 кафени лажички сол
- 2 јајца
- 1 јајце за премачкување
- малку сусам, ким, крупна сол за посипување
INSTRUCTIONS
- 1.Во сад со 200 мл млако млеко ставете ги двата квасци, додадете 1 лажица шеќер и 1 лажичка брашно и оставете го квасецот да нарасне.
- 2.Кога ќе стаса квасецот, замесете помеко тесто со сите состојки. Убаво измешајте ги додека не се хомогенизира смесата, а потоа месете го уште 10-тина минути. На крајот, не заборавајте да го удрите тестото од работната повершина барем едно 15 пати (со ваквото удирање, глутенот во тестото почнува да работи и тестото станува мазно).
- 3.Откако убаво ќе го измесите, оставете го тестото да се дигне (барем 45 минути) на топло.
- 4.Кога тестото ќе се дуплира во волумен, поделете го на топчиња (околу 40 гр тесто за средно голема кифличка). Со оваа доза, излегуваат 46 топчиња, односно кифлички.
- 5.Секое топче расукајте го до дебелина од околу 3 мм и на едниот крај со нож расечете неколку линии до половина на коричката.
- 6.Свиткајте ја кифлата почнувајќи од оној крај кој не е расечен, и на крајот повлечете ги двата краја накај вас за да добиете форма на месечинка.
- 7.Наредете ги кифлите во тавче врз хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да пораснат (уште 30-40 минути).
- 8.Пред да ги ставите да се печат, намачкајте ги со разматеното јајце во кое се додава малку масло и неколку капки вода и попрскајте ги со сол, сусам или ким.
- 9.Печете ги во незагреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.
- 10.Забелешка: можете слободно да ги замрзнете и да ги одмрзнувате по потреба.
- CUISINE: ЛЕБ И ПЕЦИВА
- COURSE: ПЕЧЕЊЕ
- SKILL LEVEL: СРЕДНА
No comments:
Post a Comment