Thursday, December 24, 2015

PSIHICKATA POLKA DIREKTNO DELUVA NA IMUNITE KLETKI


ПСИХИЧКАТА БОЛКА ДИРЕКТНО ДЕЛУВА НА ИМУНИТЕ КЛЕТКИ
Биологијата ја следи психологијата , а ова ја следи потиснатата траума (енграми).
Неурозата започнува во клетките.
Во извесна смисла ние сме колонија на клетки:
• Имунолошки
• Нервни
• Мускулни
• Клетки кои ги чуваат сеќавањата
• Клетки кои примаат пораки за болка и останати осеќаи
• Клетки кои учествуваат во контролирање на животните функции на телото
Кога клетките функционираат складно ние сме здрави.
Неурозата складното функционирање на клетките го заменува со нескладно.
Неравнотежата се наоѓа во физичка и психичка свера и ние сме болни.
Психичката болка делува директно на имуните клетки кои сами произведуваат супстанци против болка.
Психичките настани како што се критикување и занемарување на личноста вршат притисок во телото со изместена функција на имунолошките клетки ,а таа промена конечно допринесува до болест.
Имуните клетки реагираат на емоционална болка со лачење на исти лекови против болка, кои мозокот ги произведува против траума.Психичките повреди се директна последица на промена на имуните клетки , а со тоа се произведуваат имунозаболувања.
Имунолошкиот систем слабее најмногу поради долготрајно втиснат стрес.
Несвесните емоции не можат стварно да се сватат додека не се осетат.А тоа освестување се врши преку процесирање (аудитинг).
Постои само една неуроза и бројни манифестации ,а само еден пат до излекување преку процесирање.
Промена на идејата на сопствените стравови не е лекување туку само залажување.
Да мислиш и говориш дека јас не се плашам, а внатре во телото кружи хаос значи да се лажеш самиот себе си.Подобро е да поминеш низ тој хаос преку процесирање и конечно да се ослободиш.Секој влез има и свој излез.
Стресот навистина ги троши залихите на витамини ,минерали,олигоелементи и аминокиселини.
Усмерената исхрана и надополнување на витаминско минералните недостатоци можат да помогнат симптомите да се повлечат.
Меѓутоа нивото на стрес останува високо.
Неурозата се лекува со подигнување на репресијата и интегрирање на несвесното.
Д-р Радмила Кавај
http://vitamini-minerali.weebly.com/

No comments:

Post a Comment