Последните три желби на АЛЕКСАНДАР
Александар, големиот освојувач, по освојувањата на далечните кралства, на враќање дома се разболел. На смртната постела ги повикал своите генерали и им кажал: “Јас наскоро ќе заминам од овој свет, имам три желби, ве молам да ги спроведете без грешка”.
Солзи потекоа по образите на генералите кои ветија дека ќе ги исполнат последните желби на Кралот. А тоа се:
- Најдобрите лекари треба да го носат неговиот ковчег.
- Богатството кое тој го собрал (пари, злато, скапоцени камења) треба да се расфрли по должината на процесијата до гробиштата.
- Рацете треба да му бидат опуштени, да висат надвор од ковчегот сите да ги видат.
Еден од неговите омилени генерали, кој беше изненаден од овие необични барања, му ја бакна раката и ја притисна на неговото срце и праша: “Кралу, ние ве уверуваме дека сите желби ќе ви ги исполниме, но објаснете ми зошто се тие толку чудни?”
По ова, Александар зема длабок здив и му одговори:
- “Сакам најдобрите лекари да го носат мојот ковчег да покажат како, соочени лице в лице со смртта, дури и најдобрите лекари во светот немаат моќ да лекуваат.”
- “Сакам патот да биде покриен со моето богатство, така секој да види дека материјалното богатство што сум го стекнал на Земјата и ќе остане на Земјата”.
- “Сакам моите раце да се нишаат на ветрот, луѓето да сфатат дека сме дошле на овој свет со празни раце и дека го напуштаме овој свет со празни раце, бидејќи највредното богатство сосем е исцрпено, а тоа еВРЕМЕТО.”
По овие зборови Кралот ги затвори очите. Насоро смртта го обзема и издивна.
*Ние не внесуваме во нашиот гроб било какво материјално богатство.
*ВРЕМЕТО е нашето највредно богатство, бидејќи е ограничено.
*Ние можеме да се здобиеме со повеќе богатства, но не можеме да стекнеме повеќе ВРЕМЕ.
*Кога некому сме дале дел од нашето ВРЕМЕ, ние, всушност, сме дале дел од нашиот живот кој никогаш не ќе можеме да го вратиме. Нашето ВРЕМЕ е нашиот живот!
*ВРЕМЕТО е нашето највредно богатство, бидејќи е ограничено.
*Ние можеме да се здобиеме со повеќе богатства, но не можеме да стекнеме повеќе ВРЕМЕ.
*Кога некому сме дале дел од нашето ВРЕМЕ, ние, всушност, сме дале дел од нашиот живот кој никогаш не ќе можеме да го вратиме. Нашето ВРЕМЕ е нашиот живот!
Најдобриот подарок што можеш да го дадеш на твоето семејство и пријателите е вашето ВРЕМЕ.
No comments:
Post a Comment