Како да се живее во мал стан со стил?
Доколку живеете во мал стан и сметате дека тоа ви е лошата страна, ќе ви кажеме дека малите станови со себе носат и многу позитивни работи – сем што киријата е пониска, тие често пати се наоѓаат во близината или во самиот центар на градот, а имаат исклучителен удобен шарм. Многу од нас, живеат во мали станови а не го искористуваме тоа што е најдоброто во нив. Всушност, токму малите станови се тие кои покажуваат и докажуваат колку стил поседувате и колку сте креативни кога е во прашање функционалноста на просторот, декорацијата и пронаоѓање на скриени места за чување на одредени работи.
Овој мал стан се наоѓа во Лвив, Укараина. Станот има само 40 метри квардратни, а ги има сите потребни простори за млад, креативен пар.