СРЕДА, 24 ОКТОМВРИ 2012 15:39

И навистина, нема есен без:
- жолти лисја што крцкаат под нозете


- топли печени костени

- ајвар и сиренце со тазе леб

- топли џемпери

- дождливо попладне кое ја мами дремката

- млако капучино со чоколадо


- долги прошетки во природа

- сезонско овошје (калинки, круши, јаболка, грозје)

- романтични вечери осветлени од мали мирисливи свеќи

- бакнежи кои стоплуваат

- топли шалови кои даваат пријатно чувство

- долги вечери со филмови и пуканки

- топли ќебиња и ноќи со многу секс

- прекрасни пејзажи

- радоста на она слабо сонце

- нечие судбоносно „ДА“

- греано вино и ракија

- доминантни топли и смирени тонови од спектарот на бои во облеката, јадењата и природата

- портокалова месечина што виси на хоризонтот

- доцни изгрејсонца што исцртуваат уметнички дела по небото

- работни продуктивни утра

- романтична музика

- напливи на инспирација

- вечерните дружења и седенки покрај оган во студеникава вечер

- долгоочекуваните викенди кои се искористуваат максимално

- прегратки, прегратки, прегратки

- топли јадења и благи висококалорични десерти

- есенско цвеќе во леите покрај булеварот

- ситни животинчиња верверички, врапчиња и кученца кои одолеваат на студот

- добра книга во неделно попладне покрај огнот

- мед, ореви и млако млеко

- топла насмевка во тмурен ден

No comments:
Post a Comment