Како да направите тесто за палачинки без да извалкате садовиПалачинки од шише. Рецепт:
За подготовка на тестото вам ќе ви бидат потребни следните состојки:
2 јајца
10 полни супени лажици брашно
3 супени лажици шеќер
½ лажичка сол
3 супени лажици масло
600 мл млеко
Шише од 1,5 л кисела вода
Преку инка, во шишето ставете ги брашното, шеќерот и солта.
Потоа додадете ги јајцата, маслото и млекото.
Значи, прво се ставаат сувите, па после течните состојки.
Затворете го шишето со капаче и добро протресете го додека да се изедначи смесата. Многу е едноставно и практично.
Не се плашете, нема да останат грутки доколку убаво и темелно го протресете шишето.
Намастете го малку тавчето за палачинки, загрејте го и налејте од содржината. Печете ги палачинките.
Не мора веднаш целото тесто да го потрошите. Направете доволно палачинки, а остатокот од тестото оставете го во фрижидер, па можете да го искористите следниот ден за да направите свежи палачинки за појадок. Само додадете уште малку вода или млеко, затоа што преку ноќта брашното ќе набубри и смесата ќе биде малку погуста.

No comments:
Post a Comment