Thursday, February 27, 2014

PESNICKI ZA DECA OD MIKICA ILOVA

    
                                          ПЕСНИЧКИ  ЗА  ДЕЦА


ПОДАРОК ЗА МАМА
Мамо наша мила
Ти ни даваш крила
Ти ни даваш живот
Во љубов си не свила

Те сакаме мајко наша
Те гушкаме и од се срце
Ти подаруваме
За твојот празник

За твојот убав  празник
Осми ми Март
Со грст бакнежи и прегратки
Те даруваме.

СНЕШКО:
Снешко Белчо сам и стојам
И во дворој снегој бројам
Капа си имам, а и метла стара,
Ама морковчето едно зајче гладно го бара.



ЏУЏЕТО ПОМОШНИК:
Џуџе јас сум едно
На Дедо Мраз многу вредно,
В кутија подароци ставам јас
Да ви донесат во доцен час.


11 ОКТОМВРИ

Земјо Македонска
Земјо народна
Со векови поробена
И во ропство завиена!

Еј народе македонски !

Денес гордо креваш глава
Чествуваш и празнуваш
11 Октомври го прославуваш
Еј народе македонски!

Во Прилеп и Куманово
Се слушнала пушка
Млади борци загинале
Македонската земја ја ослободиле

Еј народе Македонски !







ПЕСНА ЗА ЕСЕНТТА

Дојде есен мила
Со своите златни крила
Ни донесе дождови
И лисја ко свила

Есентта има убава слика
На пазарот секој
За овошје и зеленчук
со радост ве вика.

Грозјето зрее,житото се сее,
Зимница се прави
Помагајте стари и млади
Побрзо да се направи.

ЕКО –ПЕСНА

Пролетно ветре вее
Птицата песна пее
Еко песна се слуша
Секое дете со своја душа

Засади дрво дете
Разубави ја природата цела
За да ни биде чиста
Како вчера иста.


МОЈОТ ГРАД КАВАДАРЦИ

Мојот град Кавадарци се вика
И во него секој од радост блика
Кавадарци има убава слика
Секој кој ќе дојде има прилика
Да го види срцето на Македонија

Во овој град некогаш
Нашите баби и дедовци
Војувале и победа издвојувале
За ние сега со слобода да царуваме




Градот на грозје ,вино и ракија
Е популарен на секаде ,додека викнеш
Тиквеш,Тиквеш многу те сакаме
Во срце те носиме

Во мојот град Тиквешки гроздобер
Секогаш се слави
На 7 септември секој те кани!
Повелете,дојдете старо и младо
Заедно да заиграме и пееме!






                                            „СО ЦВЕТОТ ПОУБАВ Е СВЕТОТ“

      Сцената е украсена со разнобојни цвеќиња.   Направен е шарен мозаик на цвеќињата. Тука се претставени цвеќињата што ја навестуваат пролетта. Во тој цветен декор излегуваат четири деца и ја најавуваат приредбата „Со цветот поубав е светот“.
     Прво дете: Драги родители и деца добредојдовте на нашата приредба „Со цветот поубав е светот“. Чувствувајте  се како да се наоѓате во цветна градина меѓу најубавите цвеќиња!
     Второ дете: Цветот е најубав подарок за мајките, за родендените, за невестите, за косата. Затоа секоја пролет ја одбележуваме како најубав празник на цвеќето.
Трето дете: Во нашата цветна градина се случуваат чудни нешта, цвеќињата си замис-  лиле дека им е роденден и сакаат да го слават.
Четврто дете: Да ја проследиме нивната приказна, да ги најавиме првите пролетни цвеќиња и заедно да прославиме. Нивниот роденден е токму денес кога доаѓа пролетта.

I – ЧИН
   Во првиот чин учествуваат шест цвеќиња нив ги имитираат децата облечени во пролетните  цвеќиња: кокиче, качунка, синоличка, трендафил, бумбарче, ветерот-развигор.
   Кокичето: Ох, леле да си го истегнам вратот,  долго време бев скриено под снегот. Јас сум кокиче со бело лице и  зелено стебленце имам тенка става и под снежниот јорган гордо кревам глава.
  Качунката: Ох, кој така нежно зборува, по мене довикува и пролетта ни ја донесува?
   Кокичето: Тоа сум јас кокичето бело, доста е веќе снегови, нека бликне сонце да ни дојде пролет мила!
   Качунката: Мене не ме плаши студот, гордо кревам глава, пролетта со љубов ја славам. Ох колку убав мирис се шири, од една сина преѓичка сигурно е синоличка.
  Синоличката: Да, синоличка јас сум како сина преѓа по дворови растам и на меѓа. Сонцето ме милува, ветрето ми свири, а јас сино цветам и ширам сладок мирис.
  Трендафил: Доста само се фалите, нема поубав мирис од нас трендафилите. Нели гледате цела пролет сум весел и се дружам со децата. Од мене најубави букети се прават.
   Бумбарче (се слуша зуење): Еј, ме заборавивте и мене и јас носам една вест. Знаете ли кој ден е денес?
   Синоличката: Па како може да не знаеме кога сонцето толку силно блика и ветрето-развигорче не довикува.
  Кокичето: Јас знам, денес е посебен ден, денес  е роденден на сите цвеќиња. Го славиме со доаѓањето на пролетта.
  Качунката: Нашата цветна градина е најубава, затоа што има многу цвеќиња и нашиот градинар чичко Миле, секогаш не полева со ладна вода. Тој не одгледува и ние му возвраќаме со нашите цветни мириси.
   Трендафил: Доста само фалби, гледајте дека мене најмногу ме сакаат, бумбарчето прво ќе слета на мојот цвет. А потоа ќе ги повика и пчелките.
  Синоличката: Ама вие многу боцкате! Ќе ги избоцкате децата.
   Трендафил: Понекогаш боцнувам, но само по грешка јас на сите дечиња со мирис им се смешкам.
   Кокиче: Ама сте досадни, доста само муабтите, заборавивте да ја повикате пролетта.
                 Сите цвеќиња заедно:
            ДОБРЕДОЈДЕ ПРОЛЕТ МИЛА!
  Бумбарче (се слуша зуење): Леле колку ја сакам пролетта, послала зелен килим и сега градината на чичко Миле е вистинско цветно кралство. Бзззз, Бззззз јас сум бумбарче со весело гласче, зуам и во село и во град од мене нема спас.
   Ветерот-Развигор: Јас сум ветре Развигорче ги будам дрвјата цетовите. Дувам, дувам каде што ќе стигнам пролет да донесам радост да пружам.
    Бумбарче: За нас бумбарчињата тоа е ви-  стинска убавина, ќе зуеме и брмчиме на секаде и ќе летаме покрај сите цвеќиња. Ајде да ги разбудиме и другите цвеќиња, да ги повикаме моите другарчиња. Дувни ветре Развигорче!
    Ветерот Развигор: Фуи, фиу, цветајте дрвчиња цветајте цвеќиња, ширете мирис. Пролетта послала зелен килим. Ќе дувам и ќе го носам убавиот мирис да се шири на секаде. Ајде сите заедно да запееме.
              Следува изведбата на песната во интерпретација на сите деца, односно цвеќиња во цветната градина :

             „ДУВНИ ВЕТРЕ РАЗВИГОРЧЕ“

II – ЧИН
   Се поставува втората сцена. Во позадина се слуша музика. Доаѓаат другите цвеќиња и разговараат. Деца учесници: бела рада, темја- нушка, љубичица, штурче, зумбул.
     Бела Рада: Јас сум деца нежна, млада ме викаат Бела Рада. Носам пролет белина, радо- дост, сонце и виделина. И за ваше радување имам мало цветно изненадување.
   Темјанушка: Јас сум деца Темјанушка, во секое време цветам, секогаш се смеам не знам да се лутам. Јас сум цвеќе од ливадите со сонце во градите. Љубичице, љубичице!
  Љубичица: Ох кој ме довикува така милно?
Колку прекрасно изгледа оваа цветна градина сигурно се наоѓам, меѓу најубавите цвеќиња.
   Штурче: Цигу лиг, цигу лиг! Ајде цвеќиња,   убави момичиња, дружете ја мојата пролетна песна, ве повикувам да се придружите, оро цветно да заиграме!
   Зумбул: Да не има некоја забава штурче мало, што така на ранина во музика си се свило?
   Бела Рада: Еј кое цвеќе си ти, нели знаеш дека ја славиме пролетта, а со тоа и нашиот роденден?
   Зумбул: Кое цвеќе сум јас (зачудено вели)?!
Па се знае најубавото меѓу најубавите. Имам сини ливчиња и едно бело братче. Кој ќе ме помириса, пофалби ми дава сите велат за мене вечно ќе ме слават.
   Темјанушка: Ех,сега брате зумбул не прете-  рувај, сите ние сме убави и даваме опојни мириси. Децата на сите им се радуваат.
  Штурчето: Па ако веќе славиме роденден тогаш да засвириме една роденденска песна!А кој ќе ви донесе подарок?
  Љубичица: Ех, што зборуваш штурче, па ние секој ден добиваме подароци од чичко Миле. Тој не полева со свежа вода, ни зборува дека сме сите убави и прекрасни цвеќиња. Од сите може да направи букет цвеќе и да им го подари на малите дечиња.
   Штурче: Па зошто им се цвеќињата на децата?
   Бела Рада: Па како зошто бе штурче мило!
Ќе ги подарат на нивните мајки, баби, тетки или ќе ги стават во косите да изгледаат уште поубави.
   Зумбул: Ако веќе го славиме нашиот роденден да ги повикаме и буба марите  и ластовичките. И тие нека дојдат заедно да славиме. Така ќе биде повесело.
   Љубичица: Пчелките ги заборавивте, зумбу-  лче мило! Тие ќе кажат кое цвеќе е најубаво и најмирисно! Каде ќе застанат да собираат сладок мед значи најмногу го сакаат тоа цвеќенце.

                                    Сите цвеќиња заедно :   

Пеперутки, буба марки, пчелки каде сте дојдете заедно да го прославиме нашиот роденден!       
      

Следува интерпретација од сите деца на песната: Пролет иде пролет иде!!!

III –ЧИН

   Деца учесници во овој чин се: лале, пчелка,  нарцис, буба мара и ластовичка. Доаѓа ласто-  вичката и со нејзината песна вели:
  Ластовичка: Леле конечно стигнав во мојот сакан дом! Колку убаво се чувствувам. Во да-  лечниот југ бев многу осамена. Еј, какво е тоа зуење, а тој мирис, прекрасно, прекрасно.
    Пчелка: Добредојде ластовичке мила,долго време од нас си се скрила!
     Буба Мара: Ох, колку прекрасно сонце ме гали, опоен мирис се шири. Чекај да ги протегнам крилцата и да летнам далеку, да се раздвижам.
    Лале: Немој, немој да леташ толку далеку буба маро, дојди слетај на моето цветче. Шири крила ќе ти ја раширам мојата круна.
    Нарцис: Ох не те препознав, кое цвеќе си ти лани не беше во нашата градина!
   Лалето: Тоа сум јас Лалето црвено, чичко Миле ме посади да ја разубавам градината со мојата жолта сестричка.
   Нарцис: Уф, како да не па нели гледаш дека јас ја носам жолтата облека, имам и братче во бело облечено, сигурно се скрило во тревата.
   Пчелка: Немој да се лутиш цвеќенце мило, ќе ги повикам моите сестрички да дојдат и да собитаат убав мед од цвет на цвет.
   Ластовичка (дише воздух): Леле колку пре- красен воздух, колку прекрасен мирис се шири, колку убава глетка од раззеленета природа. Ене ги децата ме чекаат со нетрпение да се вратам и да им ја донесам пролетта.
   Лале: Слушнав денес е посебен ден, нашиот роденден.Треба да избереме најубаво цвеќе, цвеќе на годината!
  Нарцис: Што, какво цвеќе на годината, што зборувате вие, па се знае јас сум тоа цвеќе нели се викам нарцис ние сме најубавите цвеќиња треба да ни се поклоните!
  Буба Мара: Ееее, немој сега така братче нарцис, зошто ги навредуваш другите цвечиња и тие се многу убави, секој од нас ги посетува и на нив слетува.
   Нарцис: Не не може така, сега ќе дојде чичко Миле,п рво мене ме полева со вода ме гали и ми зборува, па затоа јас сум неговото најдрагоцено цвеќе.
   Пчелка: Не сакам да зборуваш така цвеќенце мило, треба да организираме забава за сите цвеќиња затоа што денес е вашиот ден!
  Ластовичка: Така е ја донесовме пролетта мила , долго време од снегот се скрила. Сега ќе ги повикам моите сестрички да ви испеат една песничка.
   Нарцис: Добро, кога веќе мораме да славиме, тогаш да ги поканиме и другите цвеќиња и бумбарчињата да не ги заборавиме.
   Лале: Е така те сакам братче Нарцис, кога убаво зборуваш. Сите ние во оваа градина сме си браќа и сестри и мораме заедно да прославиме и децата да не ги заборавиме.
   Буба Мара: Еве јас ќе одам, најбрзо ќе ги протегнам крилцата и ќе им кажам на сите дека забавата за роденденот почнува во 11 часот. Тогаш доаѓа чичко Миле.
   Пчелка: Договорено, ти буба маро оди на едната страна, а јас ќе одам на другата страна. Градината на чичко Миле е голема и сите цвеќиња треба да се известат и да ги рашират своите цветови.
   Нарцис: Ете така, па после ќе доделиме  медал за најубаво и најмирисно цвеќе.
   Лале: Ах, ти сезнајко пак се запна со тоа најубаво цвеќе. Доста веќе, ќе каже чичко Миле и децата што ќе дојдат да ја посетат нашата градина.
   Ластовичката: Ајде, ајде побрзајте, викнете ги сите да учествуваат на оваа прослава и веселба, така  пролетта ќе ни биде поубава.
   Пчелка: Немојте да ги заборавите и пеперутките, убавите нежни пријателки.       (довикува по нив): Пеперутки, пеперутки!!!
   Трендафил и Нарцис: Денес е убав ден, денес славиме роденден, роденден со нашата мила пролет.
   Пеперутка: Ајде сега да се поздравиме и со вас да наздравиме! Да ни бидете весели и уште повеќе да цветате.
   Бумбар: Бззз, бзззз без вас пријателчиња ќе бидам тажно, затоа ширете венчиња ќе ги повикам сите мои братчиња.
    Чичко Миле: Пролетта дошла во мојата градина распослала коси и ми ги разубавила цветчињата. Ајде да побрзам и сите да ве полеам со вода кога ќе дојдат децата да се восхитуваат. Мојот подарок е тоа, сега ќе ве погалам и уживајте во овој прекрасен сончев ден и славете го вашиот посебен ден. Среќен Роденден и Добредојде Пролет мила!!!

  IV- ЧИН

   Се слуша пролетна музика и децата облечени во цвеќиња и инсекти излегуваат и ја дораскажуваат приказната на цвеќињата.    Учествуваат: пеперутка, бумбарче, трендафил, чичко Миле и бел нарцис.

   Нарцис: Летај, летај пеперутке нежно шири крила, летај летај пепрутке на мене слетај!
  Трендафил: Леле, пак вие нарцисите ама сте самобендисани, зар само вие стоите и цветате во оваа градина. Ајде бумбарче дојди кај мене и почни да брмчиш.
   Пеперутка: Леле, немојте да сте такви вие сте другарчиња, ние пеперутките кај сите доаѓаме и ве сакаме, сите имате опојни мириси.
   Бумбарче: Бзззз,бзззз брмчам цело време моето моторче не се измори, ама се изморив од вашата кавга, кое е поубаво цвеќе. Ќе одам во другата градина немојте да ме лутите!
   Трендафил: Не, не сакам да си одиш бум-  барче  мило, вие ни ја развеселувате гради-  ната  со пеперутките и пчелките. Ама овие нарцисите навистина претеруваат.
    Нарсиц: Па како да не претеруваме кога вие трендафилите сте боцкави и цело време ги задевате децата од вас ќе си ги искинат алиштата.
    Трендафил: Така зборуваш затоа што знаеш дека нашата круна е најубава, а боцките се нашите прстиња за да ги заденеме децата од нас да направат букет.
    Пеперутка: Е сега да се договориме. Им кажавме на сите цвеќиња кога ќе влезе чичко Миле да полева со вода, сите гордо ќе застанете и ќе блеснете колку што можете.
    Бумбарче: Уф, леле се изморив чекај малку да слетам на твојот цвет. Градината е голем додека да ги посетам сите цвеќиња се изморив.
    Пеперутка: Така е сите се многу убави прекрасно изгледаат. Сонцето ги гали со своите зраци, а тие уште повеќе ги шират своите цветни венчиња.
    Нарцис: Да се договориме, нема повеќе кавги, нема лутење сите се мои братчиња и сестри и сите нив ги сакам и почитувам  и затоа ќе го прославам со нив роденденот.
   Влегува чичко   Миле  со една канта вода и ги полева сите цвеќиња. Се слуша брмчењето и зуењето на пчелките.
  Чичко Миле: Леле колку убава станала мојата градина, секој ден доаѓам да ги полевам моите цвеќиња и секој ден се се поубави.
   Нарцисот (со шепот): Ете гледаш тренда-  филчо, чичко Миле дојде токму на време и сега сите ќе не полее со вода .
Чичко Миле ги погледна своите цвеќиња по ред и ги поли со вода, ги погали и им кажа по некој убав збор.
   Чичко Миле: Леле, трендафилите станале вистинска убанина за око, ги има во сите бои, црвени,жолти, портокалови. Ќе направам од нив убав букет.
  Пеперутка: Чичко Миле, чичко Миле, сакам нешто да те прашам?
  Бумбарче: Да ајде дојди со нас и погледни.
 Чичко Миле: Леле што е ова, какво изненаду-  вање. Се собрале цвеќињата и со своите ливчиња направиле цветно оро. Ова е чудо невидено само во мојата градина.
  Нарсис (се крева гордо и прашува):Ајде кажи чичко Миле кое цвеќе е најубаво, кое е најмирисно и кое најмногу го сакаш?
  Чичко Миле: Ох, мили мои сосема заборавив денес е вашиот ден за празнување, денес е вашиот роденден!!
    Трендафил: Така е! Сите сме многу возбу-  дени и со нетрпение ве чекавме да поминете покрај нас и да дишете од нашиот мирис.
   Чичко Миле: Мили мои цвеќиња убавици на пролетта, сите вие сте мои миленичиња, сите ве сакам и ве одгледувам исто. Кога ќе ве видам како гордо стоите ми ја разубавувате душата и градината.

       Децата излегуваат и се поклонуваат.

                                                       КРАЈ







































                                  БАБИНИ ТРАДИЦИОНАЛНИ ИГРИ
    


                                                МИЖИ -ТАТАРА
                                                       (6-7 ГОД)

     Опис на играта: Се собираат неколку деца во круг и преку  бројанка се договараат кое ќе мижи. Пр. падна бомба од небото, па удари баба меца, течи гној течи крв па испадна тој прв.
   Тоа што ќе остане последно дете ќе брои до 10 без да гледа, а другите ќе се кријат. Откако ќе се скријат почнува да ги бара.
    Треба да ги најде и да им ги каже на сите имињата. Ќе мижи она дете што е најдено прво.
    Успех е, ако некое од децата без да го види детето што мижело, стигне до местото каде што се мижи и викне пу- за мене. Тогаш истото дете пак ќе миже.


                                                    ВОЈНА ИЛИ МИР
                                                (5-7 ГОД)

      Опис на играта: Се делат децата во две групи, по можност и наизменично машко-женско. Се фаќаат за раце. Едната група вели војна или мир. Ако рече спротивната група војна, тогаш кажува едно име од децата со кое сака да војува и детето чие име е кажано се затрчува кон другата група, а тие цврсто се држат за раце и не смеат да го пуштат да помине.
    Ако детето не помине останува во таа група,а ко успее да ги раздвои рацете на децата тогаш победничката група го добива како член во неа.
     Ако се одбере мир, тогаш детето кое е повикано со одење се движи кон другата група и одбира едно дете од спротивната група да излезат надвор од играта.
     Победник е онаа група што ќе остане со поголем број деца.







                                                        ЏАМИЈА
                                                         (5-7 ГОД)

     Опис на играта: Потребни се 5 мали или 9 искршени ќерамиди (поламади) во вид на круг и се редат една врз друга и тоа се нарекува  кула. Треба да се нацрта квадрат и мал круг во средина во кој се редат ќерамидите. Потоа се црта линија одалечена 2-3 метри. Во играта учествуваат сите ученици. Откако ќе се наредат ќерамидите еден врз друг од линијата што е нацртана, стои екипата која со тркалање на топка се обидува да ја сруши кулата. Откако ќе ја срушат кулата, се разбегуваат на сите страни, криејќи  се да не биде удрена со топката од спротивната екипа.
    Но додека бегаат децата, екипата од спротивната страна ја редат кулата од почеток. Има деца кои ја внимаваат кулата да не биде удрена.
     Ако кулата биде наредена се извикува на глас Џамија и победата е нивна.








                                                   РАСКАЗИ ЗА ДЕЦА :


                                                  РАНЕТАТА ПТИЦА

       Едно зимско утро на прозорецот се слушна чукање.Тоа беше една мала птичка.Малата Ева се стрча и љубопитно ја праша својата мајка,како може да и помогнат на малата птичка.
      Еве трошки леб! – рече мајка и !
Еве и мајка и ги ставија трошките леб на прозорецот.Малата птичка се почувствува сигурно па ги исколва трошките.
    Ох!-рече изненадено девојчето!
  Па птичката е повредена! –рече загрижено Ева.
   Ева и нејзината мајка направија мала куќичка на дрвото и цела зима ја чуваа малата птичка.Кога дојде пролетта птицата високо летна на небото.
   Мамо, погледни,птицата летна на небото-рече Ева.
На птицата и треба слобода чедо!- рече мајка и.Таа повторно ќе ни дојде на гости следната зима.
    Ева се чувствуваше прекрасно затоа што успеа да  и помогне на малата птичка повторно да пролета.








































No comments:

Post a Comment