Почитувани пријатели и соработници, драги ученици,
"КРЕФ" е Меѓународен фестивал на едукативни филмови акредитиран од страна на Министерство за образование, наука и технолошки развој на Србија. Право на учество имаат претставници од сите земји. Отворен е за учество на ученици, едукатори и стручни соработници од сите државни и приватни основни училишта, за одделенска и предметна настава.
Реализатор: Учителско друштво Лесковац, Министерство за образование, наука и технолошки развој на Србија.
Автори на фестивалот: Весела Богдановиќ- Македонија, Зоран Илич- Србија, Марија Петреска- Македонија.
Пријавите течат од март до мај 2016 година.
Оценката и изборот на најуспешни филмови ќе биде направен од страна на меѓународно стручно жири, составено од реномирани професионалци, едукатори и педагошки стручни соработници.
Прогласувањето на три најдобри филма од секоја категорија, победнички филм во секоја од трите категорија како и филмови кои ќе добијат специјални признанија, ќе се одржи во рамки на пригоден настан, Копаоник-Србија 2016
Во оваа прилика Ве покануваме да размислите за учество во една од ТРИТЕ КАТЕГОРИИ
1. Лапдуб филм- Забавна, игрива промоција на училишта, севкупна училишна клима.
2. Наша најдобра наставна пракса- Филм кој прикажува креативна обработка на една наставна содржина или еднодневна интеграција на наставни содржини од редовната наставна програма- Автор, апликант може да биде едукатор или стручен соработник
3. Minecraft ЕДУ- Автор, апликант за оваа категорија е ТИМ од ученици (најмалку двајца)
Сите детали околу правилата и пријавата, заедно со примери и совети за работа, како и објаснување за начинот на избор на најдобри филмови, објаснети се детално, посебно за секоја категорија.
Тимот на КРЕФ ви посакува успешна работа.
No comments:
Post a Comment