Friday, December 16, 2011

Ј А С Д О А Ѓ А М О Д Л А П О Н И Ј А В О М А К Е Д О Н И Ј А

Од далечна земја, од шумата полна со елки, доаѓам јас, вашиот Дедо Мраз. Насекаде е украсено. На елките видов светлост од свеќи, а горе на небото бели звездички со сини очички.
Се шетав низ шумата полна со елки и слушнав како некој ми вели- Мрдни ги нозете, побрзај, свеќичките горат!
Знам, сите се возбудени, и стари и млади. Јас доадѓам зошто е Нова година. Моето патување наскоро ќе заврши.
Јас носам  многу подароци, за сите деца во град и во село. Носам чоколада, бонбони, играчки, балони, зошто децата многу ги сакаат. Дали носам нешто за непослушните деца? Мислам дека такви нема!
Стигнав на време. Примете сите топол поздрав од мене. Пробајте од моите слатки дарови.Кога сјајот од свеќичките на елката ќе свети дома кај вас секако ќе добиете нешто убаво, а потоа деца мои слатко спијте! Оваа новогодишна ноќ јас ќе ве чувам.
Надвор е многу студено - вели Новак, сигурно некој од далеку доадѓа. Се слушаат стапки!.
Тап, тап, тап, тап.
Еве го Дедо Мраз со својата вреќа. Што има во вреќата? Чоколада, бонбони, играчки, балони и многу слатки за умни деца. А за непослушните? Овој пат сигурно и тие ќе добијат, а догодина? Не се знае!
Новак им вели на децата- Замислете си, го видов, доаѓаше од шумата полна со елки, капата му беше со снег, а носот црвен. Рацете го болеа зошто носеше вреќа која беше многу тешка. Сакате да знаете што имаше внатре?
СЕ зачу глас - Аааа, вели Дедо Мраз вие мои умни сезнајковци мислите дека вреќата е отворена? Врзана е до горе. Но, внатре има сигурно убави нешта. Мириса на чоколада, бонбони и слатки.
Саканиот Дедо Мраз ги подели подароците, а децата околу елката весело пееја.
О, елко, о, елко, колку се зелени твоите иглести лисја.Ти си зелена не само во лето, туку и во зима кога паѓа снег.
О, елко, о, елко, многу ми се допадѓаш. Секоја Нова година повторно не радуваш.
О,елко, о, елко, многу ни се допаќаш.

No comments:

Post a Comment