Monday, December 19, 2011

ПЕСНА ЗА ДЕДО МРАЗ



ПЕСНА ЗА ДЕДО МРАЗ

Зима,зима, дојде,
таа со себе носи
многу игри снежни
иако студот коси.

Птиците што останаа
во родниот крај,
не се плашат од студ,
чекаат да дојде мај.

Секоја зима
во нашиот крај,
Нова година,
дете, иде знај.

Да ве бакне
да ве види
ако сте скарани
да ве смири.

Преку ридови, планини,
добриот Дедо Мраз,
многу брза тој,
да дојде и кас нас.

На секоја врата
чука Дедо Мраз,
ја честита Новата година,
подароци носи за секој од нас.

Во секоја куќа
секој се смее,
елката се реди
песна се пее-
-Елко,елко,
порасни уште две-три педи,
за да може Дедо Мраз
дарови да реди.

Од далечни земји
иде Нова година кај нас,
со санка по снежниот пат
заедно со Дедо Мраз.

Во градинка-училиште брзаат
таа и Дедо Мраз
децата кај што викаат
сите во еден глас-
-Дојди, дојди Дедо Мраз
побргу кај нас.

Дарови дели Дедо Мраз
на сите деца в час,
песна се пее со силен глас,
вечно да зивее Дедо Мраз.

Подарок ос Дедо Мраз
-куклата Рушка
девојчето,со раце
цврсто ја гушка.

Така тој по ред
на секое детевели-
Дете мое, мило,
еве ти ја играчката
шти си ја снило.

Дедо Мраз на тато му подари
кошула и фен,
на мама мамичка шапка,
и најубав парфем.

Во двор човекот од снег
моли со тивок глас-
Те молам подрок и за мене,
па за сите да со Дедо Мраз.

Облак голем му дари,
саканиот Дедо Мраз,
чадор да му биде,
за да не се стопи в час.

Радост на сите нас
ни донесе Дедо Мраз,
и со едн цвет
мир и среќа испраќа
на целиот свет.
ЕК



No comments:

Post a Comment