ДЕДО МРАЗ ДОАДГА...
Се шетав низ шумата полна со елки и слушнав како некој ми вели: " Мрдни ги нозете, побрзај, свеќичките веќе горат! ".
Сите се возбудени, и стари и млади. Јас доадѓам зошто е Нова година.Моето патување наскоро ќе заврши. Ја носам вреќата со себе. Во неа носам чоколада, бонбони,зошто децата многу ги сакаат, нели?
Примете сите топол поздрав од мене. Пробајте од моите слатки дарови. Кога сјајот од свеќичките на елката ќе свети дома кај вас, секако ќе добиете нешто убаво, а потоа слатко спијте!Оваа новогодишна ноќ јас ќе ве чувам.
Деца... доаѓа Дедо Мраз со својата вреќа! Што има во вреќата? Чоколада, бонбони, играчки, балони и многу слатки за умни деца.А, за непослусните? Овој пат и тие ќе добијат, Дедо Мраз е добар дедо, а догодина? Не знам,ќе видиме!
Деца... замислете си, го видов, доаѓаше од шумата полна со елки, капата му беше со снег,а носот црвен. Рацете го болеа зошто носеше вреќа која беше многу тешка. Сакате да знаете што имаше внатре?
Е, мои мили деца, мои сезнајковци, мислите дека вреќата е отворена? Врзана е до горе. Но, внатре има сигурно убави нешта. Мириса на чоколада, бонбони и слатки.
Децата му се заблагодарија на Дедо Мраз и му ја запееја омилената песна: " Елко, елко порасни уште две-три педи за да мозе Дедо Мраз дарови да реди..."
Запејте и вие сега и радувајте се. До година пак ќе ни дојде нашиот мил Дедо Мраз.
ЕК
No comments:
Post a Comment