Ако мислите дека во присуство на деца треба да се избегнуваат само пцовките, се лажете.
Според студиите на американските асоцијации на психолози, постојат зборови кои можат да направат штета колку и пцовките. Исфрлете ги од вашиот речник пред децата зборовите: Мразам
Може да кажете „мразам гужва“ или „мразам лоши ТВ- реклами“, но кога овој збор ќе се префрли во контекст на колегите, наставниците или роденденскиот подарок, може да биде неверојатно непријатен.
Глуп
Еден од зборовите создадени за омаловажување, а за децата – исклучително интересен за повторување.
Идиот
Не треба посебно да се нагласува колку е зборот навредлив и, ако сѐ уште не сте го исфрлиле, крајно време е да го направите тоа.
Геј
Освен ако вашето дете не е доволно старо да зборува за хомосексуалност, голема е веројатноста дека зборот ќе биде употребен во потенцијално штетен (искривен) контекст.
Губитник
Омаловажувањето на нечија самодоверба е нешто од што треба да ги исклучите вашите деца.
Молчи
Забранете си ја оваа фраза за да го спречите нејзиното прекумерно користење подоцна. Предпубертетлиите сакаат да ја користат и во незамисливи комбинации.
Лошо
Овој збор неизбежно ќе се појави во говорот, но само како збор не би требало прекумерно да го користите. Кога на детето често му кажувате дека е лошо, тоа го деморализира.
No comments:
Post a Comment