Saturday, August 25, 2012

Talogot od kafe da ti pravel cuda


Талогот од кафе да ти правел чуда


talog-od-kafe-1343421634-190969
Ако уживате во вашето утринско турско кафе, не фрлајте го талогот кој ви останал во шолјата. Искористете го за некои многу практични и корисни работи. Еве за што:
Освежувач на просторијата
Ставете го талогот од кафе на еден сад и поставете го во делот од домот каде сакате да ги отстраните непријатните миризби, како фрижидерот и кантата за отпадоци.
Средство за чистење
Ако чиниите ви се многу валкани, талогот ќе ви го реши проблемот. Втријте го на чиниите и ќе се случи чудо. Исто така ако сакате на дрвениот мебел да му дадете сјај, измешајте го талогот со вода, премачкајте го мебелот и оставете го да дејствува неколку минути. Потоа пребришете го со чиста крпа.
Маска за коса
Нанесете малку од талогот во косата пред да ја измиете со шампон и оставете ја малку да отстои пред да ја измиете со вода. Препорачливо е за русокосите да не го прават ова, додека за оние со темна ова би било одличен третман.

Пилинг
Измешајте го талогот со мед и направете пилинг кој ќе можете да го користите за телото и лицето. Тоа ќе и пружи одличен сјај на кожата. Исто така, одличен е и против целулитот.
Нанесете го против убод од инсекти
Втријте го талогот на местата каде сакате да се заштитите од угризот од инсекти, бидејќи силниот мирис на кафе ги одбива.

Ѓубриво
Талогот од кафето, измешан со вода, е одличен за повремено дохранување на земјата на домашните растенија.

No comments:

Post a Comment