Thursday, August 30, 2012

ПРВИОТ ДЕН ВО ГРАДИНКАТА-РИНГЕ РАЈА. МК


Првиот ден во градинка

Автор: Редакција Рингераја | 30.8.2012
image

Тешко е да се предвиди како детето ќе го поднесе првиот ден во градинка и разделбата од родителите. Додека некои деца грчевито и во солзи ќе се држат за своите мајки, други ќе се препуштат на играта едвај забележувајќи дека родителите не се со нив


Ако Вашето дете плаче и грчевито се држи за Вас, не паничете. Поаѓањето во градинка е голем чекор за него, а анксиозноста е составен дел од развојниот процес. Сепак, постојат неколку чекори кои можат да Ви помогнат во процесот на одделување, советуваат педагозите.

Разговарајте за градинката
Неколку седмици пред поаѓање во градинка започнете разговори. Покажете воодушевување и возбуда заради новите работи кои детето ќе ги научи во градинка. Проучете ги детските реакции. Не форсирајте ако детето не е заинтересирано или не сака да разговара за градинката. Не заборавајте, приказната мора да биде позитивна, а не да предизвикува немир и страв.

Тест одвојување
Оставете го детето кај блиски пријатели или роднини на неколку часа. Предложете спиење кај баба. Проучете како реагира на одвојување од родителите во сигурно опкружување. Ова е добар начин да проучите како се носи детето со таквата, за него тешка задача.

Дружење со децата од градинката
Ако е можно, проверете дали во групата или деца кои ги познавате или се Ваши соседи. Организирајте дружење со нив. Ако Вашето дете има познати лица во градинката стресот ќе биде помал.

Утеха од дома
Прашајте го детето дали сака да носи некоја играчка од дома, на пример омилената кукла, сликовница или нешто што ќе му даде мир во непознатата средина.

Снаоѓање во просторот
Во некои градинки е дозволено и родителите на поминат некои време со децата. Запознајте го детето со новите другарчиња и со воспитувачките. Ако во градинката децата изработуваат нешто, поттикнете го Вашето дете да им се придружи.

Одговорете на нивниот плач
Ако детето почувствува тешкотија и заплаче, немојте да му се смеете и не се обидувајте да го подмитите за да го добиете саканото однесување. Останете позитивни и весели. Повторете му дека ќе дојдете по него откако ќе заврши со играњето. Поттикнете го на комуникација со воспитувачките.

Поздравете се
Поздравувањето нека биде весело и кратко. Не се враќајте назад откако ќе се поздравите. Не се сокривајте кога ќе излегувате од собата. На некои деца им е потребен ритуалот на поздравување. Договорете некој посебен поздрав кој ќе биде само Ваш. Кажете му на детето дека ќе дојдете по него и држете се до договореното време.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

    На врв на страницата

    Запознај ја Рингераја.мк

    No comments:

    Post a Comment