РЕЦЕНЗИЈА
НА РАКОПИСОТ НА ТАЊА БАЈРАКТАКОВА
Содржините во "НАЈУБАВАТА КОЛА", "ВЕСЕЛАТА АЗБУКА", ЖЕЛБАТА НА САРА" и "ПЕСНИЧКИ ЗА ДЕЧИЊА" се предвидени за деца од предучилишна возраст.
Тие ја развиваат љубопитноста која им овозможув на децата активен творечки однос спрема околината, врз таа основа, формираат елементарни претстави, поими и сознанија за појавите и предметите во природата и во општествената средина.
Содржините ги поттикнуваат и ги развиваат доживувањата и сфаќањата за односите и настаните во општествената средина, на децат им помагаат да се запознаат себеси и да ги изградат сопствените односи кон светот што ги опкружува.
Ракописите претставуваат дидактичко средство кое, заедно со посетите, прошетките, набљудувањатa, разговорите, илустрациите и игровните активности, го поттикнува развојот на говорните активности, креативности, мислењето, помнењето, социјалните и културно - хигиенските и работните навики, како и еколошката и елементарната сообраќајна култура.
Имено, текстовите овозможуваат остварување на одделни цели, задачи, теми и содржини кои се предвидени во воспитно - образовните подрачја низ кои се остваруваат од Програмата за воспитание и образование на децата од предучилишна возраст.
Ракописите се и работен материјал којшто овозможува индивидуална работа на децата, а на воспитувачот и родителот да добие повратна информација за стекнатите знаења, поими, и претстави за околината.
Содржините создаваат радост и поттик за игра и сеопфатан развој на децата.
Имајќи го предвид горенаведените атрибути предлагам да бидат прифатени за печатење.
Со почит,
реценсент- автор на дидактичка литература,
Елисавета Смичкоска - Киковиќ

No comments:
Post a Comment