Friday, November 20, 2015

СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ

Св.Аранѓел Михаил, заштитнику на мојот дом и семејство сочувај го мирот во моето семејство, дај ни многу среќа, радост и благосостојба. Чувај ми ги од лошо и дај им многу среќа и радост на моите најблиски во фамилијата.
Ангелот на Света Софија
Ти којшто толку време мина
под малтерот на ѕидот мрачен
пак слободен си в простор зрачен
о сине тих на мисла сина
со животот пак ти гори видот
и зори како небо ѕидот.
Но таа лика што се крие
под малтерот на мојте гради
и утеха од дните млади
по убост како сестра ти е.
не, нема мајстор да ја спаси
со мојот живот ќе се згаси.
(Блаже Конески)

No comments:

Post a Comment