http://e-prasanja.mk/Storage/PublishQuestions/d01125d2-f879-11e4-9671-0050569a5dc5/35/CASESTUDY/%D0%98%D0%A1%D0%9F%D0%98%D0%A2%20%D0%97%D0%90%20%D0%9B%D0%98%D0%A6%D0%95%D0%9D%D0%A6%D0%90%20%D0%97%D0%90%20%D0%92%D0%9E%D0%A1%D0%9F%D0%98%D0%A2%D0%A3%D0%92%D0%90
Испит: ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА ВОСПИТУВАЧ - СТУДИИ НА СЛУЧАЈ 1. ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА ВОСПИТУВАЧ
1. Воспитувачите Марија и Фатима работат во иста градинка во воспитни групи со деца од иста возраст. Тие имаат изработено годишни програми за воспитно-образовни активности базирани на „Програмата за рано учење и развој“, а од први септември ќе работат во други занимални. Еден ден почнаа да разговараат, да разменуваат искуства и да се договараат околу уредувањето на занималните и отворањето на центрите за учење, за да можат во нив ефикасно да ги реализираат планираните активности со децата. Исто така, се договориа рационално да го искористат просторот во занималната и тој естески уреден.
2. Кој ќе учествува во организирањето на центрите за учење и нивното збогатување со различни средства и материјали?
3. Колку центри за учење треба да организира воспитувачот во својата занимална?
4. Кои се најголемите придобивки за развојот и напредувањето на децата со честото вклучување во активностите во математичкиот, истражувачкиот и уметничкиот центар?
5. Кој е одговорен за уредувањето и збогатувањето на центрите за учење во занималната?
6. Каква одлука треба да донесе воспитувачот во врска со предлогот од педагогот во занималната да отвоти и центар за игри со песок?
7. Во една воспитна група во градинката “Бонбонче”, Дарија и Стефан покажуваат голем интерес за ликовните активности, додека Ерјон и Јана имаат големи предзнаења за матеметиката. Исто така, Бети многу сака да пее и сака да научи да свири на детски музички инстументи. Воспитувачот планира соодветни активности за сите деца во неговата воспитна група, а исто така внимава при уредувањето на стимулативната средина да ги поддржи интересите на Дарија, Стефан, Ерјон, Јана и Бети.
8. Како воспитувачот треба да ги одбира ликовните творби за истакнување и на кое место во занималната треба да ги истакнува?
9. Што треба да направи воспитувачот за да ги поддржи Ерјон и Јана поради нивниот зголемен интерес за матеметика?
10. Што треба да направи воспитувачот за да ја поддржи Бети поради нејзиниот зголемен интерес за музичко воспитание?
11. Како воспитувачот треба да го организира ликовниот центар за да ги задоволи зголемените интереси на Дарија и Стефан за ликовно изразување?
12. Како воспитувачот треба да го организира матеметичкиот центар за да ги задоволи зголемените интереси на Ерјон и Јана за матемемтика?
13. Во Центарот за ран детски развој се отвори нова воспитна група. Воспитувачот го организираше просторот како стимулативна средина, соодветна на возраста на децата. Тој треба да ги запознае децата во групата со центрите за учење, а истите треба да ги организира и согласно интересите и можностите на децата во неговата воспитна група.
14. Што треба да направи воспитувачот за да ги запознае децата со центрите за учење?
15. Колку центри за учење треба да организира воспитувачот во својата занимална? 16. Кој е одговорен за уредувањето и збогатувањето на ц
16. Кој е одговорен за уредувањето и збогатувањето на центрите за учење во занималната?
17. . Во кој временски период треба да се збогатуваат центрите за учење во занималната?
18. Што треба да содржат ценрите за учење во занималните?
19. Во детската градинка “Водно” има само една воспитнa групa со деца од најстара предучилишна возраст. Во текот на годината во таа воспитна група се запишува дете кое има проблеми со моториката. Воспитувачот треба да го организира вклучувањето на детето во групата за да биде прифатено од остантите деца, а исто така да го индивидуализира планирањето на воспитно - образовните активнсти и да организира соодветан стимулативна средина.
20. Што треба да направи воспитувачот во однос на просторот?
21. Како воспитувачот треба да ги подготви децата во групата за да го прифатат детето со пролеми во моториката?
22. Какви воспитно – образвовни активности ќе организира воспитувачот доколку во групата има дете со проблеми во моториката?
23. Како воспитувачот ќе обезбеди индивидуализиран приод во воспитно– образвовните активности со детето со проблеми во моториката?
24. Како треба да се однесуваат децата во воспитната група со нивното другарче кое има проблеми во моториката?
25. Воспитувачот Дафина се подготвува да изработи долгорочно-годишно планирање за својата воспитна група. Се потсетува на постигањата и напредувањата на сите деца од минатата година, ја отвора Програмата за рано учење и развој базирана на Стандардите за рано учење и развој, размислува за развојните карактеристики на децата од својата група, за индивидуалните можности, способности и интереси на децата, како и за условите за работа и карактеристиките на пошироката околина. При изработката на долгорочното планирање ги пополнува колоните за; глобалните цели, темите, времето на обработка на темите, организационите форми за работа, методите на поучување и учење и местото на реализација. Воспитувачот размислува за формите на соработка со родителите, особено за позитивните ефекти од оние форми во кои родителите на децата земаат активно учество.
26. Што треба да направи воспитувачот за добро да ги испланира формите на соработка со родителите од својата воспитна група?
27. Кои форми на соработка со родителите, како соодветни и рационални, треба да ги испланира воспитувачот за зајакнување на педагошката и псхихолошката култура на некои родители на децата во групата , на кои им се потребни?
28. Што треба да направи воспитувачот за навремено да го информира секој родител за развојот и напредувањето на неговото дете?
29. Какви форми на соработка со родителите од воспитната група треба да испланира воспитувачот со годишното планирање?
30. Во какви услови треба да се водат разговорите со родителите за развојот и унапредувањето на нивното дете? 31. Во новоотворена детска градинка воспитувачите имаат изготвено квалитетно д
олгорочно-годишно и среднорочно-тематско планирање, поаѓајќи од „Програмата за рано учење и развој“. Врз основа на среднорочното-тематско планирање тие изработуваат дневно планирање, што е соодветно само на нивните воспитни групи.
32. Кои активности со децата од воспитната група треба да ги испланира секој од воспитувачите за дневното планирање за следниот ден?
33. На што особено треба да внимава воспитувачот при изборот на активностите кога изработува дневно планирање?
34. При планирањето на воспитно-образовните активности воспитувачите ги имаат предвид и целите, активностите и очекуваните резултати од ,,Јазик, комуникација и развој на писменост“. Кои од долунаведените активности ефикасно ги поттикнуваат комуникациските вештини на децата?
35. Какви активности и во кој период во текот на денот треба да планира воспитувачот за ефикасно реализирање на целите од моторичкиот развој?
36. Каде може да се реализираат воспитно – образовните активности испланирани со дневното планирање?
37. Какви насоки треба да му даде стручниот работник на воспитувачот доколку во неговата воспитна група забележал ситуација во која едно од децата поради стереотипите што ги има усвоено во своето семејство непријателски се однесува кон дете во групата?
38. Како би требало да се организира средината за учење и какви активности бо требало да се планираат во воспитните групи во кои се запишани деца со различни способности, воспитно-образовни потреби и социјално потекло?
39. Какви треба да бидат активностите во кои не се поттикнуваат родови и други стереотипи? 40. Какви активности треба да преземаат воспитувачите при уредувањето на стимулативната средина и реализацијата на „Програмата за рано учење и развој“ да им помагаат на децата во разбирањето, прифаќањето и почитувањето на разликите на различните култури?
41. Каков начин на комуникација на воспитувачите со децата би требало да се поддржи за да овозможи промовирање на демократските вредности, при кој се охрабрува секое дете на соодветен начин да го изрази своето мислење и да биде дел од процесот на донесување одлуки?
42. Какви активности треба да поддржува стручниот работник кај воспитувачите за да ја охрабруваат соработката и поддршката кај децата при поучувањето и учењето?
43. Кои активности на воспитувачот треба да се поддржат поради тоа што преку нив се овозможува поврзаноста меѓу претставите и поимите и секојдневниот живот и искуствата и децата полесно можат да го применат наученото во реални ситуации?
44. Какви начини начини на работа треба да применуваат воспитувачите за секојдневно поддржување на развојот на јазикот и комуникациските вештини кај секое дете?
45. Што би требало да им сугерира стручниот работник на воспитувачите во однос на однесувањето со почитување кон секое дете и овозможување еднакви можности на децата за вклучување во животот во групата и градинката?
46. На кои начини воспитувачите треба да обезбедуваат соодветна поддршка за децата според нивните потреби и напредување?
47. На кој начин стручниот работник треба да ја препознава важноста на доживотното учење преку учеството во разновидни можности за личен и професионален развој?
48. Какви активности во заедницата треба да презема стручниот работник за да ја промовира важноста на квалитетното предучилишно воспитание за секое дете и на сопствената професија?
49. Што треба да презема стручниот работник за го евалуира квалитетот на неговата стручна работа и нивото на професионално знаење, за да прави соодветни промени кога е неопходно? 50. Какви насоки треба да им дава педагог на воспитувачите во однос на новите знаења и вештини и нивна примена во воспитните групи, кога организира предавања и работилници за јакнење на нивните професионални компетенции?
51. Што треба да ги советува стручниот работник воспитувачите за подобра соработка со други стручни лица, со цел да го зголемат квалитетот на сопствената пракса?

Ova e super i os golema pomos sto gI postIra prasanjata. No dali ke mozi I odgovorite na prasanjata da gi stavis?
ReplyDelete