Ѓумбирот ги топи и најупорните масти
Oвој здрав природен сок од домати, лимон, ѓумбир, целер и лута пиперка е најлут непријател на мастите.
Сите пет состојки со кои се подготвува оваа моќна напивка за слабеење помагаат во забрзувањето на метаболизмот, а од нив се разложуваат и најупорните маснотии наталожени на критичните делови од телото.
Доколку го пиете сокот секојдневно со умерена исхрана, резултатот – неколку килограми помалку за еден месец е загарантиран. Дополнително овој сок ќе ги надополни изгубените течности од телото во текот на жешките денови.
За една чаша сок (220 милилитри) потребно е – 1 филџан сок од домати (без шеќер), 2 стебленца целер , ¼ чаша сок од лимон , 1 лажичка ѓумбир (рендан или во прав), 1 лута пиперка (наместо лута пиперка може да додадете половина лажичка црн пипер).
Подготовка – Помешајте го сокот од домати со сокот од лимон, ѓумбирот и толчената лута пиперка (или црниот пипер). Добиениот сок претурете го во висока стаклена чаша и украсете го со целерот. Пијте го полека и грицкајте го целерот.
Од оваа напивка може да направите поголема количина која ќе биде доволна за два дена, односно за шест чаши сок. Чувајте ја во фрижидер. По три чаши сок конзумирајте во текот на денот и тоа распоредете ги во периодот меѓу појадокот, ручекот и вечерата, наместо меѓуоброци. По желба во чашата може да додадете и две-три коцки мраз.
Означено како:ЃУМБИР
No comments:
Post a Comment