Wednesday, October 8, 2014

Од рецензентот
Елисавета Смичкоска Киковиќ
Збирка ПЕСНИ ЗА СИТЕ ДЕЦА Детски свет од ЖЕЛИМИР КИКОВИЌ претставува едно интересно четиво кое според својата содржина пред се е наменето за децата од предучилишна и училишна возраст, за воспитните групи и одделенија , а и за првооделенците кои што туку зачекоруваат во училиште.
Збирката ПЕСНИ ЗА СИТЕ ДЕЦА  содржи песни за децата, нивните најомилени играчки, игри, животни, желби на децата и вистински настани од блиската и подалечната околина на децата.
Пожелно е Збирката - песните да допрат до поширок круг на деца оти таа може во содејство со родителите, воспитувачите и наставниците, интелактуално да ги збогати, морално оплемени и естетски збогати.
Збирката песни ПЕСНИ ЗА СИТЕ ДЕЦА се резултат на  долгогодишната создавацко - творецка и издавачка дејност на ЖЕЛИМИР КИКОВИЌ и контактите со непосредните  и посредните воспитно - образовни работници и нивната благородна работа со предучилишните  и училишните деца.Таа соработка довала до поетско преточување на детскиот поглед на свет во топли и едноставни песнички.

No comments:

Post a Comment