| Народната носија во пределот Поле (Прилепско, Битолско) |
![]() Народната носија во пределот Поле (Прилепско, Битолско), голем рамничарски предел во средниот дел на Брсјачката етничка област, по бројноста на облеките и нивното украсување е позната по тоа што во минатото била една од најдекоративните, но во исто време и најтешките носии што ги носеле жените во Македонија. Долгите платнени туниковидни кошули се украсени со густо извезени мотиви во разни бои, меѓу кои доминира црвената во сите нијанси. Богатството и разновидноста на извезените мотиви, нивната складност и прецизност, ги карактеризираат везбените украси како едни од најубавите и најдекоративните во Македонија. Платнената летна саја и зимскиот волнен бел клашеник, украсени со извезени мотиви, срма и монистра, ткаената волнена, ситно орнаментирана скутина - опрегач, усогласени по боја, начин на украсување и орнаментика, чинат една целина со останатите делови на носијата. Зимска облека е валанка, изработена е од дебела црна клашна, украсена со карактеристични украси од гајтани, ширити и монистра. Волнени, плетени, вкусно шарени чорапи и калци (волнени чорапи без стапало), со опинци, го оформуваат обувањето на нозете. Најдекоративна и највпечатлива е невестинската носија, со посебно украсената невестинска скутина чултар, украсот коцле од волнени црни рески, извезената покривка за глава обрус, чии ткаени краишта се со декоративна геометриска орнаментика и рески, и специјалната богато извезена покривка за глава сокај. Во обликувањето на облеките импресионира богатиот народен вез во карактеристична гобленска техника, со изобилно богатство на форми и доминантна црвена боја. И народниот накит, масивен, разновиден и многуброен, ја дополнува целокупната носија, придавајќи и` посебна декоративност. Машката носија во Прилепско - Битолското Поле ја сочинуваат бројни облеки: аба - од бела тенка волнена ткаенина, кошула од платно со везени украси, џамадан од црна клашна, појас ткаен од темно црвена волна, како и ресачка - горна облека од црна клашна, долга до колена. Специфичност на носијата од овој регион е употребата на скутина - унечка, како составен дел на машката носија. Зимската машка носија е сета од волнена валана ткаенина шаек, порано во бела, потоа во црна, а како моден тренд, особено за помладите, во темноцрвена боја. Бројните облеки што влегуваат во составот на оваа носија - минтан, елек, џамадан, бечви - украсени со црни оптоки, се дополнуваат со разнобојниот пругасто - шарен волнен појас. На нозете се носат волнени, плетени чорапи и кожни чевли, а на главата шубара од јагнешка кожа. Народни везови "Ракавче лозено",
невестинско - додатни
ракави од "саја" (
женска горна
облека). Везено со
"аловна", "ѓувезна" и
црна волна. Мотивите
оцртани ("наклавани") со
жолта срма. Техники:
"лозено-полнето","травци".
Мотив "крстои".
Прилепско Поле, крајот
на 19. век. Дим. 26 * 25
см "Ракавче лозено" -
додатни ракави од
женска празнична "саја"
(горна облека). Везено
со "аловна", "ѓувезна"
и црна волна.
Техника "лозено-полнето".
Мотиви: "шапки" и
"клучиња".Прилепско Поле, крајот на 19. век. Дим. 27 * 27 см "Ракавче писано" -
додатни ракави од
женска празнична "саја"
(горна облека). Везено
со "аловна", "ѓувезна"
и жолта волна,
бела и жолта
срма. Техники: "писано",
"синџиречко", "сукан
трашец". Мотиви:
"колца".Прилепско Поле, крајот на 19. век. Дим. 25 * 28 см Вез
од долен дел
на женска кошула
("пола" и "пореборник"
со "околеш"). Работени
со волна во
бои: "аловна", "ѓувезна",
црна и жолта.
Техники: "лозено-полнето",
"травци". С. Костинци,
Прилепско Поле, крајот
на 19. век. Дим. 11 * 36
см.; 9 * 23 см. "Ракавче грабено" -
додатни ракави од
"саја" (горна облека)
за постара жена.
Везено со "аловна",
"ѓувезна" црна и
зелена волна. Техника:
"грабено".
Мотив: "едно колце".
Прилепско Поле, крајот
на 19. век. Дим. 23 * 31
см Јака
("корил") и вез
за на гради
("предници") од женска
кошула. Везени со
"аловна", "ѓувезна" и
црна волна. Техника:
"полнеж". Прилепско
Поле, поч. на
ХХ век. Дим. 37 * 7
см.; 14 * 40 см Вез од долен дел на
женска кошула ("пола" и "пореборник" со "околеш"). Работени со волна во
бои: "аловна", "ѓувезна", црна и жолта. Техники: "лозено-полнето", "травци".
С. Костинци, Прилепско Поле, крајот на 19. век. Дим. 11 * 36 см.; 9 * 23 см. |

"Ракавче лозено",
невестинско - додатни
ракави од "саја" (
женска горна
облека). Везено со
"аловна", "ѓувезна" и
црна волна. Мотивите
оцртани ("наклавани") со
жолта срма. Техники:
"лозено-полнето","
"Ракавче лозено" -
додатни ракави од
женска празнична "саја"
(горна облека). Везено
со "аловна", "ѓувезна"
и црна волна.
Техника "лозено-полнето".
Мотиви: "шапки" и
"клучиња".
"Ракавче писано" -
додатни ракави од
женска празнична "саја"
(горна облека). Везено
со "аловна", "ѓувезна"
и жолта волна,
бела и жолта
срма. Техники: "писано",
"синџиречко", "сукан
трашец". Мотиви:
"колца".
Вез
од долен дел
на женска кошула
("пола" и "пореборник"
со "околеш"). Работени
со волна во
бои: "аловна", "ѓувезна",
црна и жолта.
Техники: "лозено-полнето",
"травци". С. Костинци,
Прилепско Поле, крајот
на 19. век. Дим. 11 * 36
см.; 9 * 23 см.
"Ракавче грабено" -
додатни ракави од
"саја" (горна облека)
за постара жена.
Везено со "аловна",
"ѓувезна" црна и
зелена волна. Техника:
"
Јака
("корил") и вез
за на гради
("предници") од женска
кошула. Везени со
"аловна", "ѓувезна" и
црна волна. Техника:
"полнеж". Прилепско
Поле, поч. на
ХХ век. Дим. 37 * 7
см.; 14 * 40 см
Вез од долен дел на
женска кошула ("пола" и "пореборник" со "околеш"). Работени со волна во
бои: "аловна", "ѓувезна", црна и жолта. Техники: "лозено-полнето", "
No comments:
Post a Comment