СНЕШКО ----- ТОЈ Е БЕЛ СНЕЖЕН ЧОВЕК, СИТЕ МУ СЕ РАДУВААТ ВО ЗИМА, ЖИВЕЕ КОГА Е СТУДЕНО И КОГА СНЕГ ИМА, --- ЗА ТЕЛО ТРИ СНЕЖНИ ТОПКИ ИМА- ГОЛЕМА, ПОМАЛА, НАЈМАЛА, ЗА ОЧИ И УСТА- ПЕТЛИЦИ, ЗА НОС- МОРКОВ, ЗА РАКА - МЕТЛА ГУСТА. --- СО ГОЛЕМА РАДОСТ ДЕЦАТА ОД СНЕГ ГО ПРАВАТ, ПЕАТ ПЕСНИ ВЕСЕЛИ СО НЕГО НОВА ГОДИНА И БОЖИЌ СЛАВАТ. --- СОНЧКО КОГА СЕ ЈАВИ ТОЈ НЕ Е СИЛЕН, СТУДЕН, СТРАВ ГО ФАЌА, СТАНУВА МНОГУ ЧУДЕН. --- СЕ СМАЛУВА, ГО СНЕМУВА, ПОЛЕКА СЕ ПОТИ, ОД НЕГО СЕ ГЛЕДА СТАНУВА ВОДА - СЕ ТОПИ. ---
НАПРАВЕТЕ СИ СНЕШКО АКО ИМА СНЕГ, АКО НЕМА ТОГАШ НАЦРТАЈТЕ ГО.
ЕЛИСАВЕТА СМИЧКОСКА - КИКОВИЌ
|
No comments:
Post a Comment