Thursday, September 7, 2017

РЕНАТА ДЕСКОСКА МИНИСТЕР НА МОН - ПРВ ЧИЛИШЕН ДЕН

Драги ученици,
На почетокот на оваа учебна година сакам да Ви посакам многу успех и да Ве потсетам дека образованието е едно долго патување, а не трка на кратки патеки. Другарувајте со книгите, откривајте ги тајните скриени во нив, отворете го умот за нови спознанија и за вистинските вредности. На ова долго патување, немојте да заборавите на важноста на пријателството, љубовта, солидарноста, одговорноста и посветеноста на градење подобар живот и подобар свет. На ова патување прочитајте ја книгата “Малиот Принц” и нека Ве води нејзината порака: “Не можеш да гледаш убаво без срцето, суштината е невидлива за очите.”

No comments:

Post a Comment