Friday, September 6, 2013

KOPRIVA - NEVEROJATNO LEKOVITA,A EVTINA

Коприва - неверојатно лековита а ефтина

Posted by on in ЗДРАВЈЕ
b2ap3_thumbnail_kopriva.jpg

Лековит дел од билката: лист, корен и семе.
Копривата е најдобро природно средство за чистење на крвта. Таа е природен лек и за болестите на мочните патишта, како што се: воспаленијата, камењата и песокот, па дури може превентивно да делува и на стварањето на каменчиња во бубрегот и мочните патишта. За стимулирање на мокрењето, дневно се пијат 3 до 4 шолји свеж чај од коприва.
Копривата содржи големи количини на витамин А, разни минерални соли, растителни хормони и ензими, кои поволно влијаат на зголемувањето на бројот на црвените крвни зрнца во крвта.




Затоа, многу често чајот од коприва се препорачува како природен лек против слабокрвност.

Копривата е исклучително погодна за т.н. пролетно чистење на организмот. Листовите од копривата може да се конзумираат свежи, како салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло. Може да се конзумира и како свежо исцеден сок или како чај. Копривата ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсините од организмот. Научно е докажано дека копривата го намалува нивото на шеќерот во крвта, па затоа им се препорачува на пациентите со шеќерна болест. Влијае поволно и на расположението и ја намалува потиштеноста.
Копривата ја подобрува работата на системот на варење. Често се користи како природен лек против запек. Копривата го зајакнува природниот имунитет на организмот, па често се применува при реуматските болести и гихтот, како и при настинки и намален имунитет.
Докажано е делувањето на копривата во запирањето на крварењето, па често се користи при обилни менструации, крварење од матката, при повраќање на крв, крваво мокрење.
Копривата делува против реумата, грозницата, туберкулозата на белите дробови, бронхитот, болестите на зглобовите. Влијае и на побрзо зараснување на раните, на чирот на желудникот, на несоницата и нервозата.
Чајот од целата билка го чисти желудникот, цревата и црниот дроб, а воедно е и одличен природен лек за лекување на анемијата, хемороидите, жолтицата, маларијата и сите други видови на грозници.
Поради силното лековито дејство, копривата се користи и во лекување на алергија.
Подготовка на чајот:

Во 2 децилитра вода се ставаат 2 лажици ситно исецкана коприва. Се пијат 2 до 3 шолји чај дневно. Чајот се пие топол, незасладен или засладен со мед.

Чај за желудник и црн дроб

Овој чај се припрема од целата билка. Во 2 литра вода се ставаат три лажици иситнета билка и се остава да стои 10-12 часа. Потоа, оваа смеса се вари половина час. Кога смесата ќе се олади, се процедува и се пие по една шолја пред јадење, три пати дневно. Овој природен лек ги чисти цревата, желудникот и црниот дроб.
0
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Comments

  • Please login first in order for you to submit comments

No comments:

Post a Comment