Friday, September 21, 2012

Zdravite naviki se ucat vo preducilisna vozrast


Споделете ја веста со Вашите пријатели

Имаме училишни лиги кои се на ниско ниво. Битно е секое одделени да има свој клуб, тие да се натпреваруваат со другите одделенија и на крај да се направи еден тим кој ќе биде на училиштето, за да може секое дете да почувства што е тоа натпревар. Од сите да се изберат најдобрите. Важно е децата меѓусебе да се натпреваруваат-вели Ванѓел Симев, универзитетски професор.

VANGEL-SIMEV-D-240
Како треба да се постапува со децата од предучилишна возраст. Што е она што недостига за да ги вклучиме децата во спортските активности?
Симев: Со децата треба да се работи уште кога тие се мали. Од 5 до 8 годишна возраст е периодот кога тие создаваат навики, работни навики преку кои подоцна си го олеснуваат животот. Во овој период децата имаат одлична мускулатура, еластични се лесно учат вежби, сакаат да имитираат и што е најбитно немаат страв. Ова е идеалниот период кога детето треба да почне да се занимава со спорт. Бидејќи на лесен начин ќе научи да создава работни навики. Сама по себе ќе дојде и дисциплината и ќе живее здрав начин на живот. Во денешно време ние се соочуваме со проблем што родителите немаат време за своите деца. Тие кога ќе се вратат од работа сакаат да се “ослободат” од своите деца и ги ставаат пред комјутер пуштајќи им игри кои не се за нивна возраст. Со тоа децата створаат еден лажен свет во кој се им е дозволено. Сетете се само колку случаи на убиства има низ целиот свет извршени од деца кои мислат дека тоа им е дозволено. Децата лесно впиваат се што ќе видат. Тие дома играат игри со убивање и мислат дека е нормално да се убива.
Што треба да направиме за да имаме здрави деца?
Симев: На децата на возраста од 5 до 8 години треба да им се постават критериуми за вистинскиот живот, тие треба да се наочуваат, а подоцна и да се мотивираат. Децата кои почнуваат да се занимаваат со спорт на оваа вредност побрзо се вклопуваат во општеството, даваат подобри резултати. Додека кај децата кои не се вклучени во спортот овие резултати изостануваат. Доколку детето се вклучи во спортот, тоа нема да има деформитети на рбетот, рамно стопало, прекумерна тежина. Ќе биде активно во секое поле на животот. Тоа во подоцнежните години нема да има проблем со зависностите како цигарите, дрогата, алкохолот, бидејќи е учено да живее дисциплинирано и да има своја идеологија.
Како Вие гледате на училишниот спорт, имаме училишни лиги, дали тие се добри за децата?
Симев: Имаме една голема грешка која со години и години се повторува и провлекува во основното образование. Како прво, наставниците не сакат да сфатат дека децата се учат преку игра и дека и на тој начин се мотивираат. Како на пример, кога јас бев наставник по физичко воспитување, на моите часови по физичко воспитување ги учев децата математика, преку игра. Ќе им поставев прашање, на пример колку е 8 Х 5 и тие во хор одговараа. На сличен начин малите деца можат да научат и собирање и одземање. Ем ќе бидат активни физички, ем ќе научат и собирање, одземање, множење или делење. Вклученоста во групата ќе ги мотивира да научат повеќе. Другиот проблем е што немаме училишни клубови.Имаме училишни лиги кои се на ниско ниво. Битно е секое одделени да има свој клуб, тие да се натпреваруваат со другите одделенија и на крај да се направи еден тим кој ќе биде на училиштето, за да може секое дете да почувства што е тоа натпревар. Од сите да се изберат најдобрите. Важно е децата меѓусебе да се натпреваруваат. Потребно е во наставата да се вметнат и факултативни активности. На пример, по часовите, децата да можат да ја користат салата по физичко, бидејќи таа првенствено е изградена за нив и да тренерираат. Но, тоа ние го немаме.
Која е причината според Вас, зошто повеќе нема вон наставни активности?
Симев: Морам да кажам дека сум навистина разочаран што на директортите на основите училишта им е поважно да ја изнајмат салата на клубови, отколку да ги научат децата кон правилен и здрав живот. Во многу случаи имам разговарано со мои ученици кои сега се директори на основни училишта. Од самите разговори сфатив дека ним им се побитни парите кои ќе ги земат отколку здравиот развиток на детето. Според нив, доколку едно дете сака да тренира потребно е неговите родители да го запишат на некој спорт и за тоа да се плаќаат партиципација. Јас сум против плаќањето на партиципација, бидејќи на тој начин ни се губи масовноста и немаме можност да увидиме кој има квалитет да стане врвен спортист. Затоа би порачал да се создадат повторно оние спортски секции кои некогаш ги имавме, во нив децата кои сакаат да тренираат да плаќаат ништо, а оние кои сакаат само рекреатвно да се занимаваат со спорт да плаќаат најмногу 200 денари месечно. Децата кои се социјални случаи исто така да не треба да плаќаат. И по неколку години сите ќе ги увидиме бенефитите од овие генерации.
Како може да се подобри оваа состојба, бидејќи за создавање на клубови се потребни пари?
Симев: Да се биде добар директор на училиште најпрво е потребно да се биде добар менаџер. Потребно е да се обезбеди само една фирма како спонзор, а за таа да се обезбеди потребно е да и се образложат причините, како и начинот на реклама, преку која ќе се зголеми нејзината пордажба. Мора на спонзорите да им се објасни шемата, на пример, Фабрика за чоколади, имаме училиште во кое има многу деца, тоа ќе придонесе за поголема публика, преку што фабриката добива реклама и и се зголемува производството и продажбата. Се може да се направи доколку се сака.
Да поразговараме малку и за повозрасните, студентите. Како Вие гледате на универзитетскиот спорт?
Симев: Во денешно време немаме универзитетски спорт. На деканите некако како да не им се вложува во спортот. Јас лично бев декан на еден од факултетите и имав разработено таква програма која активно ќе ги вклучи сите во спортот. На возрасниот човек му е потребно барем пола час дневно да се размрда за да може да продолжи со работа, но и да биде поздрав. Како што реков, програма имав, но немав место каде да ја реализирам. Немав сала, немав потребни спортски реквизити. На тој начин пропадна мојот проект. Во минатото имавме еден универзитетски тим. Повеќе и тој го немаме. За високото образование сметам дека треба да се земе примерот од САД, каде секој колеџ има свој тим. На тој начин ќе развиеме врвни спортисти. Но, проблемот е во тоа што кај нас никој не сака тоа да го примени, бидејќи на професорите и деканите им е полесно да им дадат избор на студентите дали сакаат да пропешачат до Средно Водно или да дадат крв, наместо да посетуваат настава која ќе им овозможи поздрав живот и поздрави навики.
Munchmallow_300x250
  • 24 часа
  • 7 дена
  • 30 дена

Избор на уредникот

Фото: Мозаик-солза во чест на Тоше

News image
Голем мозаик во форма на солза со ликот на Тоше Проески изработи Ристо Тошески - профе...

Американски грант за обнова на конакот во „Св. Архангели Михаил и Гаврил“

News image
Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс и министерката за култура Елизабета К...

Намалена цената на огревното дрво

News image
Цената на огревното дрво од денеска ќе се продава со намалена цена за физички лица.

    No comments:

    Post a Comment