Wednesday, September 5, 2012

Позитивните навики на родителите - предуслов за успехот на детето


Позитивните навики на родителите - предуслов за успехот на детето



Училиштето може да биде голема радост за детето, но и голем стрес. По кој правец ученикот ќе тргне зависи од искуството и навиките на детето уште од најраната возраст, како и неговите можности и очекувања.

Детето многу рано стекнува работни навики, учи да ги реди играчките, подоцна облеката, па чинијата од масата, усвојува друштвени вештини и правила на однесувањето - сето ова му помага во текот на неговото созревање.

Со одењето во училиште доаѓа и организираниот систем кој донесува нови правила, но не секогаш работни навики. Тоа е важно претходно да бидат научени, препорачуваат психолозите.

Работните навики се создаваат уште од мали нозе
Накратко, што порано детето усвои работни навики, толку ќе биде поспремен да ги извршува и училишните обврски како што е пишувањето на домашна задача, учењето на материјалот и слично.

Но на односот кон училиштетот не влијаат само работните навики, туку и цела низа фактори кои го обликуваат детето за време на образовниот систем.

- Ако родителите позитивно им пристапуваат на децата кога им објаснуваат што е училиштето, кои се училишните обврски и учењето, тогаш и детето позитивно ќе усвојува го усвојува се' она што го носи истото - велат стручњаците.

Исто така, објснуваат дека училиштето бара доста енергија, детето е во средина во која за прв пат ги покажува своите способности кои се споредувани со неговите врсници.

Во желбата да имаат успешни ученици, родителите често или премногу навлегуваат во нивните обврски, односно, ги прават наместо да ги остават децата, или пак сметаат дека детето не е доволно одоговорно и самостојно.

Преголемите амбиции - стресни за секое дете
Преголемите амбиции на родителите кои им даваат на учениците додатен товар може да резултира во негативност и одбивност, велат психолозите.

- Очекувањата треба да се сведат на реалните можности на детето, а не да се споредуваат со сопствените (не)успеси.

- Ако родителите се сомневаат во способностите на детето, и се запрашуваат дали е доволно возрасно за некој предизвик, можат да направат полошо. Детето ќе ја почувствува нивната несигурност па и тоа со текот на времето ќе се сомнева во сопствените можности.

Без оглед на тоа дали е прваче на училиште или пак го завршува училиштето, треба да му се пристапи така што, дадените обврски ќе бидат знак за доверба, оптимизам, верба во успехот на што детето по правило одговара со задоволувачки ефект.

Тамара Мисирлиевски 

No comments:

Post a Comment