превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
1
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Сл. Весник на Р. Македонија, бр.100 од 06.08.2012 година Член 1 Во Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија” број 103/2008, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11 и 6/12), членот 15-а се менува и гласи: „(1) Основното училиште собира, обработува, чува, испраќа и користи податоци содржани во збирките на податоци согласно со прописите за заштита на личните податоци, за потребите на интегрираната база на податоци која ја води Министерството. (2) Збирките на податоци од ставот (1) на овој член се водат за следниве цели: - унапредување на процесите и процедурите потребни за управувањето со човечките ресурси, финансиите и инфраструктурата во основните училишта, - обезбедување навремени, конзистентни, целосни и точни податоци што ќе претставуваат поддршка на процесот на донесување одлуки, спроведувањето на образовната политика и планирањето на реформите во основното образование, - обезбедување на податоци неопходни за функционирање на други потсистеми (електронски дневник и екстерно проверување на постигањата на учениците) во основното образование и - ефикасно управување со распределбата на средствата во децентрализираниот образовен систем, планирањето на изградба и реконструкцијата на училишната инфраструктура и унапредувањето на професионалниот развој на вработените во основните училишта. Член 2 По членот 15-а се додаваат седум нови члена 15-б, 15-в, 15-г, 15-д, 15-ѓ, 15-е и 15-ж, кои гласат: „Член 15-б Во основното училиште се водат следниве збирки на податоци: 1) збирка на податоци за учениците запишани во основното училиште; 2) збирка на податоци за родители, односно старатели на ученици запишани во основното училиште и 3) збирка на податоци за вработените во основното училиште. Член 15-в (1) Збирката на податоци за учениците запишани во основното училиште од членот 15- б точка 1 од овој закон опфаќа ЕМБГ, презиме, татково име и име на ученикот, датум и место на раѓање, пол, припадност на заедница, мајчин јазик на ученик, адреса, место на живеење, контакт телефон, е-меил адреса, посебна образовна потреба, статус на ученикот (редовен/вонреден). (2) Збирката на податоци за податоци за родители, односно старатели на ученици запишани во основно училиште од членот 15-б точка 2 од овој закон опфаќа сродство со ученикот, име и презиме, датум и место на раѓање, пол, припадност на заедница, адреса и место на живеење, контакт телефон, е–меил адреса и степен на образование.
(3) Збирката на податоци за вработените во училиштето од членот 15-б точка 3 од овој закон опфаќа ЕМБГ, презиме, татково име и име на вработениот, пол,
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
2
припадност на заедница, датум и место на раѓање, адреса, место на живеење, општина, привремена адреса и место на живеење, државјанство, вид и степен на образование, последно завршено училиште/факултет, претходно работно искуство, категорија на вработен, работно место со фонд на часови, контакт телефон, број на службен телефон, е-меил адреса, вид на транспорт до работното место кој користи вработениот, инвалидитет, ФЗО подрачна единица, ПИОМ број, датум на вработување, датум на престанок на работен однос, основ за престанок на работен однос, статус на вработен (на неопределено/определено време). (4) Личните податоци од ставовите (1) и (2) на овој член основното училиште ги добива од родителите/старателите на учениците, а личните податоци од ставот (3) на овој член ги добива од вработените во училиштето. Член 15-г (1) Родителот или вработен во училиштето во случај на промена на податок е должен да го извести училиштето во рок од седум дена од денот на настанатата промена, а училиштето е должно во рок од три дена да изврши промена во збирката на податоци. (2) Родителот или вработен во училиштето имаат право на пристап до личните податоци содржани во членот 15-б од овој закон, како и да добијат препис или да ја копираат информацијата за личниот податок. (3) Родителот или вработен во училиштето имаат право да бараат исправка на личен податок, со поднесување на писмено барање до училиштето. (4) Училиштето е должно во рок од 30 дена да направи исправка и да го извести родителот, односно вработениот во училиштето за направената исправка. Член 15-д (1) Директорот на основното училиште, од редот на вработените во училиштето овластува лице, односно лица за обработка на личните податоци од членот 15-в од овој закон. (2) Лицата од ставот (1) на овој член имаат обврска личните податоци да ги чуваат во тајност. До личните податоци пристап можат да имаат и други овластени стручни лица од министерот, на кои овие податоци им се потребни заради реализација на екстерното проверување на постигањата на учениците и електронскиот дневник, согласно со закон. Член 15-ѓ За целите на научните истражувања и подготовка на статистички анализи, личните податоци можат да се користат, објават и чуваат, но не во форма која овозможува идентитификација на лицето на кое се однесуваат личните податоци. Член 15-е (1) Збирката на податоци за учениците и збирката на податоци за родители, односно старатели на ученици кои ги води основното училиште се чуваат една година по завршувањето на основното образование на ученикот, односно една година по негово испишување од основното училиште. (2) Збирката на податоци за вработените кои ги води основното училиште се чуваат до престанокот на работниот однос на вработениот во основното училиште.
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
3
Член 15-ж Начинот на обработка на личните податоци, лицата кои се овластени да ги користат податоците содржани во поединечните збирки на лични податоци од членот 15-д од овој закон, критериумите според кои се утврдува нивото на пристап на лицата кои се овластени да ги обработуваат личните податоци, техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, начинот на уништување по истекувањето на рокот на чување на личните податоци и други мерки ги пропишува министерот.“ Член 3 Членот 34 се менува и гласи: „(1) За развивање на различните интереси на учениците, основното училиште организира слободни ученички активности коишто се определени со годишната програма за работа на училиштето. (2) Учениците во слободните ученички активности се вклучуваат доброволно. (3) За учениците што покажуваат особен успех по одделни предмети се организираат натпревари на општинско, регионално и државно ниво. (4) Натпреварите ги организираат акредитирани здруженија на наставници. (5) Здруженијата на наставниците треба да бидат акредитирани од комисија за акредитација на здруженија на наставници формирана од министерот. (6) Комисијата е составена од седум члена од кои тројца се претставници од Mинистерството, тројца од Бирото и еден претставник од мнозинскиот синдикат на наставници. Еден член од комисијата е претседател, кој го именува министерот. (7) Основни критериуми за акредитација на здруженијата на наставници за организирање на натпреварите се натпреварите на учениците да се организирани од страна на наставници што изведуваат настава по одделен наставен предмет (сроден предмет или научна област на која припаѓа наставниот предмет), здруженијата на наставниците да се регистрирани како здружение најмалку три години до денот кога аплицираат за организирање на натпревари и да обезбеди организирање на натпревари на целата територија на Република Македонија на сите наставни јазици. (8) За освоено прво место на натпревар на државно ниво на ученикот и неговиот наставник им се доделува парична награда, чија висина ја утврдува министерот, на предлог на комисијата од ставот (6) на овој член. (9) Висината на паричната награда од ставот (8) на овој член е во износ најмногу до 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата. (10) Начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво ги утврдува министерот, на предлог на Бирото. (11) Начинот на изведувањето на училишните екскурзии и другите слободни активности на учениците ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.“ Член 4 Во членот 61 став (2) по зборот „потреби“ се додаваат зборовите: „и лицата за нивна придружба“. По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „(3) Начинот на организирањето на бесплатниот превоз на учениците, учениците со посебни образовни потреби и лицата за нивна придружба, од местото на живеење до основното училиште, го утврдува министерот.“
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
4
Член 5 Во членот 65 по ставот (7) се додава нов став (8), кој гласи: „(8) Општиот успех на ученикот се утврдува врз основа на годишните оценки од сите предмети според наставниот план на крајот на годината и оценките од екстерното проверување на постигањата на успехот на ученикот, а за учениците упатени на поправен испит по завршувањето на поправните испити.“ Ставовите (8) и (9) стануваат ставови (9) и (10). Член 6 Членот 71 се менува и гласи: „(1) Следењето и проверувањето на напредокот и постигањето на успехот на учениците се врши со интерно и екстерно проверување. (2) Интерното проверување на постигањето на успехот на учениците го вршат наставниците во училиштето. (3) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците од четврто до деветто одделение се реализира на крајот на секоја наставна година. (4) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците го организира и спроведува училиштето преку училишна комисија. (5) Училишната комисија за екстерно проверување на постигањата на учениците ја формира директорот на училиштето и истата е составена од пет члена: директор, стручен соработник и тројца наставници од училиштето. (6) Начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот за екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите од училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот ги пропишува министерот по предлог на Државниот испитен центар. (7) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се врши со тестови кои ги изготвува Државниот испитен центар, на предлог на Бирото. (8) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се врши по два наставни предмети, согласно со наставниот план, а врз основа на генерален распоред изготвен од страна на Државниот испитен центар, на предлог на Бирото, освен по наставните предмети со кои учениците се стекнуваат со вештини, односно за наставните предмети за кои не може да се врши екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците. (9) Начинот на проверување на објективноста на наставникот при оценувањето на постигањата на успехот на учениците по наставните предмети со кои учениците се стекнуваат со вештини, односно по наставните предмети за кои не може да се врши екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците го пропишува министерот, на предлог на Бирото. (10) Врз основа на генералниот распоред од ставот (8) на овој член, училишната комисија подготвува интерен распоред по паралелки, наставни предмети и наставници за спроведување на екстерното проверување во училиштето. Интерниот распоред го усвојува наставничкиот совет на училиштето. (11) Резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот на учениците од ставот (8) на овој член училиштето ги запишува во свидетелството за завршено одделение и истите влијаат врз општиот успех на ученикот. (12) На ученикот му се издава свидетелство за завршено одделение по спроведеното екстерно проверување. (13) Резултатите запишани во свидетелството од ставот (11) на овој член се еден од критериумите за запишување на учениците во средното образование. (14) Училишната комисија доставува извештај за спроведеното екстерно проверување до Државниот испитен центар.
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
5
(15) Врз основа на добиените извештаи од училишните комисии, Државниот испитен центар изготвува збирен извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците.“ Член 7 Членот 79-б се брише. Член 8 Во членот 82 по ставот (4) се додаваат два нови става (5) и (6), кои гласат: „(5) Основното училиште, пред да распише јавен оглас за вработување, потребата од работник на определено време ја обезбедува со преземање на работник со соодветно образование и со неполн фонд на наставни часови од друго јавно училиште во општината, а за градот Скопје од друго јавно училиште во општините во градот Скопје. (6) Евиденцијата за вработениот кадар од ставот (5) на овој член ја води Министерството, врз основа на збирката на лични податоци на вработените во училиштата од членот 15-б точка 3 од овој закон.“ Член 9 Во членот 91 ставот (5) се менува и гласи: „Начинот на вршење на евалуацијата на професионалното досие од ставот (3) на овој член го пропишува министерот, на предлог на Бирото.“ Член 10 Членот 92 се менува и гласи: „(1) Наставниците и стручните соработници во основното училиште се усовршуваат, оспособуваат и напредуваат во звања. (2) Наставникот и стручниот соработник кои за прв пат се вработуваат во училиште се со звање наставник - приправник и стручен соработник - приправник. (3) Наставник - приправник може да напредува во звањата наставник, наставник- ментор и наставник - советник. (4) Стручниот соработник - приправник може да напредува во звањата стручен соработник, стручен соработник - ментор и стручен соработник - советник. (5) Напредување на наставниците и стручните соработници во звањата наставник, наставник - ментор, стручен соработник и стручен соработник - ментор го врши училишна комисија која ја формира директорот на училиштето. (6) Комисијата од ставот (5) на овој член е составена од еден одделенски наставник и наставник по предметна настава, педагог, односно психолог во училиштето, еден родител, директорот на училиштето, член на училишниот одбор кој е претставник од основачот и советник од Бирото. (7) Одделенските и предметните наставници за членови во комисијата од ставот (6) на овој член ги избира наставничкиот совет во училиштето, родителот го избира советот на родители на училиштето, а членот од училишниот одбор го избира училишниот одбор. (8) При напредувањето на наставниците во соодветното звање од ставот (3) на овој член, училишната комисија задолжително ги зема предвид резултатите од екстерното проверување содржани во извештајот за работата на наставниците, како и од евалуацијата на професионалното досие на наставникот.
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
6
(9) При напредувањето на стручните соработници во соодветното звање од ставот (4) на овој член, училишната комисија задолжително ги зема предвид резултатите од евалуацијата на професионалното досие на стручниот соработник. (10) Наставникот и стручниот соработник кој е незадоволен од извршениот избор за напредување во звање согласно со ставот (5) на овој член има право на приговор до училишниот одбор во рок од осум дена од денот на објавувањето на списокот на наставници и стручни соработници кои напредуваат во звање. (11) Напредувањето на наставниците и стручните соработници во звањата наставник - советник и стручен соработник - советник го врши комисија формирана од министерот. (12) При напредувањето на наставниците во соодветното звање од ставот (11) на овој член, комисијата формирана од министерот задолжително ги зема предвид резултатите од екстерното проверување содржани во извештајот за работата на наставниците, како и од евалуацијата на професионалното досие на наставникот. (13) При напредувањето на стручните соработници во соодветното звање од ставот (11) на овој член, комисијата формирана од министерот задолжително ги зема предвид резултатите од евалуацијата на професионалното досие на стручниот соработник. (14) Основното училиште по завршувањето на секоја учебна година може да врши напредување на двајца вработени од редот на наставниците и стручните соработници во секое од звањата од ставот (5) на овој член и може да предложи двајца од вработените од редот на наставниците и стручните соработници да напредуваат во звањата од ставот (11) на овој член на предлог на наставничкиот совет, ако има до 50 вработени наставници и стручни соработници. (15) Основното училиште по завршувањето на секоја учебна година може да врши напредување на тројца од вработените од редот на наставниците и стручните соработници во секое од звањата од ставот (5) на овој член и може да предложи тројца од вработените од редот на наставниците и стручните соработници да напредуваат во звањата од ставот (11) на овој член на предлог на наставничкиот совет, ако има над 51 вработен наставник и стручен соработник. (16) Наставник и стручен соработник може да напредува во следното звање по четири години во постапка утврдена со овој закон. (17) Наставникот и стручниот соработник кој е незадоволен од извршениот избор за напредување во звање согласно со ставот (11) на овој член има право на приговор до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во рок од осум дена од денот на објавувањето на списокот на наставници и стручни соработници кои напредуваат во звање. Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен одлучува по поднесената жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата. (18) Платата на наставникот и на стручниот соработник е според стекнатото звање. (19) Начинот на стручното усовршување, оспособување и напредување на наставниците и стручните соработници во звања ги пропишува министерот по предлог на Бирото, Државниот испитен центар и Државниот просветен инспекторат.“ Член 11 Во членот 96 став (6) по зборот „предлог“ се додаваат зборовите: „и да донесе акт за престанок на работниот однос на наставникот и стручниот соработник“.
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
7
Ставот (7) се брише. Во ставот (8) кој станува став (7) бројот „(7)“ станува број „(6)“. Член 12 Членот 97 се менува и гласи: „(1) Врз основа на резултатите од екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се оценува објективноста и професионалноста на наставникот во вреднувањето на постигнувањата на успехот на ученикот. (2) Оценувањето од ставот (1) на овој член се врши со споредување на резултатите на екстерното проверување на постигањата на ученикот со годишната оценка на ученикот по соодветниот предмет за што Државниот испитен центар изготвува збирен извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците. (3) Извештајот од ставот (2) на овој член се изготвува врз основа на средната вредност изразена во проценти од резултатите на екстерното проверување на постигањата на учениците со годишните оценки на ученикот за кои нема отстапување и за кои отстапувањето е поголемо од една оценка. (4) По исклучок, извештајот од ставот (2) на овој член, се проширува со наставниците кои имаат отстапување од добиените показатели како последниот наставник од листата. (5) Процентот на најголеми отстапувања од добиените показатели е 100%, кога има отстапување од четири оценки од оценката добиена од проверувањето и годишната оценка од наставникот. (6) Процентот на најмали отстапувања од добиените показатели е 0%, кога нема отстапување од оценката добиена од проверувањето и годишната оценка од наставникот. (7) Врз основа на извештајот со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, 20% од наставниците кај кои има најмали отстапувања во добиените показатели им се зголемува платата за наредната година за 15% од платата што ја примале. (8) Врз основа на извештајот со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, 20% од наставниците кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели им се намалува платата за наредната година за 15% од платата што ја примале. (9) Извештајот со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, Државниот испитен центар го објавува на веб страницата на Државниот испитен центар и на Министерството најдоцна до 10 август во тековната година. (10) За наставниците од ставот (8) на овој член се обезбедува соодветна стручна советодавна помош од Бирото. (11) На наставник кој и по две години од добивањето на стручната помош, повторно ќе биде во групата на наставници кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели, му престанува работниот однос. (12) Решение за престанок на работниот однос на наставникот донесува директорот на основното училиште. (13) Против решението на директорот од ставот (12) на овој член наставникот може да поднесе тужба до надлежен суд.
(14) Решение за зголемување, односно намалување на платата на наставникот согласно со ставовите (7) и (8) на овој член, донесува директорот на училиштето. Исплатата на платата со зголемување, односно намалување започнува од 1
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
8
јануари наредната година по објавувањето на извештајот за работата на наставниците. (15) Решението од ставот (14) на овој член се доставува до Министерството до 31 август од тековната година, а ќе започне да се применува од јануари наредната година. (16) Начинот на изготвување на збирниот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, како и начинот на утврдувањето на процентот на најголеми, односно најмали отстапувања од добиените показатели ги пропишува министерот, на предлог на Државниот испитен центар. “ Член 13 Во членовите 132 став (16) и 134 став (6) зборовите: „Второстепената комисија на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на прашања од областа на работните односи“ се заменуваат со зборовите: „Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 14 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 15 Спроведувањето на екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците во основното образование, на начин и под услови утврдени со овој закон ќе започне да се применува од 1 мај 2013 година. Одредбите од членот 10 од овој закон ќе се применуваат од 1 септември 2016 година. Член 16 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за основното образование. Член 17 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија
No comments:
Post a Comment