Нешта кои сакам мојата ќерка да ги знае…
80 Читања
Особено, во денешно време кога убавото и нежно губи смисла, а се пропагира некултурен кич и површност…
За да ги научиме ќерките поинаку, мора да бидеме упорни и често да им ги повторуваме овие нешта:
1.Уживај што подолго во детството – Во овој површен свет кој промовира материјализам и конумеризам, децата побргу растат. Сепак, не подлегнувај на притисоците.Порасни бавно !!!
2.Умните девојчиња се кул – Нека не ти биде срам што си паметна или „ бубалица “, што носиш наочари, сакаш математика и природа. Паметните девојки никогаш не излегуваат од мода. Тоа останува во тебе и како што растеш, ќе те одведе во вистинската насока.
3.Негувај ги другарствата од детството – Пријателите се драгоцени, полни со доверба и Шлојални.Тие со тебе поминуваат и убави и грди и весели и тажни моменти. Некои ќе заминат, но вистинските пријатели ќе останат со тебе. Секогаш, во сé.
4.Извалкај се, тоа е добро за тебе – Освен што помага во зајакнување на имунитетот, добро е и за креативноста. Цртај, скокај по бари, играј си во кал…
5.Биди подобра од момчињата во „ нивните “ игри – Фудбал, кошарка, ракомет… Не дозволувај во нешто да те спречат само затоа што си женско. Само напред… „Згази“ ги на Sony Playstation !!! Играј со својот тим…
6.Прошетај го светот – Запознај други луѓе, вери, култури и места. Отвори го срцето и умот, прошетај блиски и далечни земји. Среќен пат !!!
7.Прочитај по нешто секој ден – Читањето е вежба за мозокот. Шири знаења и речник и ја развива фантазијата.
8.Шминкај се- Но знај… Што помалку шминка, подобро !!! Списанијата претеруваат со користењена „ фотошоп“.
9.Не дозволувај телевизијата да те дефинира- Луѓето премногу дозволуваат телевизијата да манипулира со нив и тоа ги убива емотивно, духовно и интелектуално. Од прераните фасцинации од принцези до големи гради, реалити шоу и останати глупости кои ни се сервираат на телевизија… Држи се до себе и биди против тоа !!!
10.Води сметка за своето здравје- Тоа е најважно !!! И тоа, и здравјето на телото, но и духот. Здравиот избор во младоста ќе овозможи добра основа за цел живот. Здравата исхрана, вежбањето, контролата на стресот, масажите, работата на себе, позитивното размислување, медитацијата, како и многу други работи, одлично ќе влијаат на твојот живот, здравје и среќа.
11.Верувај во себе-Тоа ќе ти овозможи да ги оствариш твоите цели и соништа и ќе ти даде сила и способност за сé.
12.Слободно сакај со цело твое срце- Бидејќи, каде што има љубов, има и живот. Љубовта го движи светот и секое суштество треба да ја почувствува.