Tuesday, June 26, 2012

9 nacina za stop na "derenjeto"


9 начини за СТОП на “дерењето”

Автор: Редакција Рингераја | 12.6.2012
image

Кога Вашето дете Ве полудува, тоа може да се почувствува дека се што прави е погрешно. Наместо да губите контрола, погледнете неколку совети кои ќе Ви помогнат да останете мирни, а сепак да поставите граници и да ја постигнете целта


Дишете
Вдиши. Издиши. Повтори. Понекогаш е потребен момент за да се смирите. Му кажавте на Вашето дете да ги собере играчките и да се подготви за спиење. Петнаесетина минути подоцна, играчките се на истото место-насекаде. Чувствувате како крвта Ви врие. Губите контрола. Свртете се на страна, затворете очи и дишете. Соберете се, понекогаш е потребен само момент.

Сите имаме добри деца, само нивното однесување понекогаш е лошо.
 Дали кога ги учите децата да возат велосипесипед, ги казнувате и им викате кога нема да успеат на првиот обид? Секако дека не. Ги охрабрувате, ги мотивирате и им покажувате. Проф. Д-р Rex Forehand , вели дека воспитувањето на Вашето дете треба да биде на истиот начин. “Поради некоја причина сметаме дека казнувањето  треба да биде средство за воспитување, но не мора да биде”. Кога детето ќе удри друго дете при игра, лесно е да се вика по него, но наместо тоа потрудете се да му објасните зошто не треба да го прави тоа.

Наместо викотници, употребете, нежен, мек тон на гласот и посочете му како треба да се однесува.
Она што има најголемо влијание на однесувањето на детето е начинот на кој зборувате со него кога му кажувате што треба, а што не треба да прави. Колку посмирено зборувате, толку поголемо влијание ќе имаат Вашите зборови на неговото однесување.

Помогнете му на детето да ги објасни своите емоции.
Пред да ја изгубите контролата, бидејќи Вашето дете се однесувало лошо, потрудете се да сфатите зошто го сторило тоа. Една од најглавните причини за лошото однесување кај децата е тоа што тие не знаат друг начин за изразување на своите чувства. Како родители, треба да го научите своето дете како да се изразува себе си преку чувствата, а не преку однесувањето.

Пофалетете го за доброто однесување
Родителите ги пофалуваат своите деца за добро однесување, а ги караат за лошо однесување, но што е за она однесување што е некаде помеѓу?
Децата сакаат да го привлечат вниманието на своите родители, понекогаш дури и со лошо однесување."Родителите вообичаено ги воспитуваат децата или со пофалба за добро однесување, или со казнување за нивното лошо однесување. Заради што детето ќе избере еден од начините како да привлече внимание.," вели Др. Лонг, кој истовремено советува да се игнорираат децата кога се однесуваат лошо. "Ако им се развикате, им го давате вниманието кое тие го сакаат и така ќе продолжат да го користат негативното однесување за да добијат реакција од Вас," вели Др. Лонг. Ако му обрнувате внимание само на доброто однесување, тогаш Вашето дете ќе сака да го повтори тоа, бидејќи добива внимание.

Силната врска ја прави дисциплината полесна
Колку е посилна Вашата врска со детето, толку повеќе детето ќе сфаќа како треба да се однесува. Кога се мали, децата сакаат да бидат што поблиску до родителите. Искористете ја предноста на тоа и реафирмирајте ја врската со Вашето дете. Не само што ќе ја зацврстите, туку и тоа ќе стекне поголема почит кон Вас. “Детето кое е во силна конекција со своите родители, многу полесно и побрзо ќе го прифати воспитувањето”. – вели др. Лонг.

Не заборавајте да се ставите на нивно место
Дали ве боли кога некој вика на Вас? Да. Така се чувтсвува и Вашето дете. Не заборавајте да се ставите на негово место. Замислете дека шефот вика на Вас. Ќе бидете повредени. Често  не можете да процесирате што вика Вашиот шеф, заради начинот на кој го кажува тоа - со викање. Исто е и со детето. Потрудете се да му објасните каде згрешило без да викате и без тоа да се почувствува повредено.

Добри и здрави навики во исхраната и сонот
Здравите деца се најсреќни. Родителите често ја потценуваат моќта на здравата исхрана и балансираниот сон врз однесувањето на детето. Добро одморено, наспано и здраво нахрането дете има помалку проблеми со однесувањето. Од друга страна, што понаспан и поздрав родител, поголеми шанси за самоконтрола.
 
 
Никој не е совршен.
Колку и да се трудите, некогаш ќе попуштите и ќе викнете. И тоа е во ред, се додека го правите како што треба. Откако ќе Ви се случи да го подигнете тонот на гласот и да викате, Др. Forehand и др. Long советуваат да се смирите и мирно да му објасните на Вашето дете зошто му викавте и замолете го да не го прави тоа повеќе за мама и тато да не викаат повторно.

No comments:

Post a Comment