Tuesday, June 12, 2012

MAJCINIOT GLAS PRAVI CUDA!


Докажано!!!… Мајчиниот глас прави чуда !!!

Докажано!!!… Мајчиниот глас прави чуда !!!
242 Читања
Мајчиниот глас прави чуда, покажуваат резултатите од неодамна спроведеното истражување на Универзитетот во Висконсин.
Стручњаците утврдија дека мајчиниот глас најбрзо го смирува детето, му ги намалува евентуалните болки и го охрабрува. Во комбинација со прегратка, мајчиниот глас е лековит, делотворно влијае на емоционалниот и психофизичкиот развој на детето.
Меѓутоа и само бојата на гласот на мајката е делотворна !!!
Во истражувањето учествувале 60 девојчиња на возраст од 7 до 12 години, кои биле изложени на стресни ситуации. Тие ги повикувале нивните мајки да им помогнат. Девојчињата кои имале прилика да ги прегрнат мајките, се смирувале еднакво брзо, како и оние кои само можеле да го слушнат нивниот глас…
„ Мајките знаат како да го смират детето, дури и ако не се близу, за да го прегрнат. На децата им е доволно да го слушнат нивниот глас и веднаш се чувствуваат посигурно“, заклучува Dr. Lesli Selcer, шеф на истражувањето.

Коментари

No comments:

Post a Comment