- Многу одамна постоел еден мал остров каде што живееле сите емоции и вредности на луѓето: радоста, тагата, знаењето, богатството, гордоста... и љубовта заедно. Еден ден се јавила опасноста од исчезнување на островот, што ги натерало жителите да го напуштат. Така сите освен љубовта ги спремиле своите бродови за заминување од островот. Љубовта не верувала во тоа дека островот ќе исчезне. Кога и највисоката точка на островот била прелиена со вода, љубовта решила да го напушти островот.Бидејќи не го подготвила бродот на време, побарала помош. Богатството поминувало во близина на една луксузна јахта и љубовта му се обратила за помош. "Богатство, можеш ли да ме земеш со себе?" А богатството одговорило: "Не можам. Има многу злато и сребро така што немам место за тебе!" Тогаш љубовта побарала помош... од гордоста што поминувала на еден прекрасен едрењак, а гордоста веднаш одговорила со едно "НЕ! Тука е толку совршено што можеш да ми го расипеш комодитетот!!!" Тогаш љубовта побарала помош од тагата, а таа и одговорила: "Толку сум тажна што сакам да бидам сама!" И радоста поминала покрај љубовта ама била толку радосна што не ја слушнала љубовта како очајно моли за помош... Најпосле одненадеж се јавил еден глас: "Дојди љубов, ќе те спасам од овој потоп." Тоа бил еден старец. Љубовта толку се усреќила што заборавила да го праша старецот за името негово. Кога веќе стигнале на копно, старецот си заминал. Тогаш љубовта сватила колку му била должна на својот спасител, и го прашала знаењето: "Знаење, можеш ли да ми кажеш кој беше овој човек што ме спаси од потопот?" -"Времето!" одговори знаењето. Љубовта се прашувала зошто баш времето ја спаси. Не можејќи да ја гледа љубовта толку збунета и несигурна, знаето одговорило: " Затоа што само времето може да свати колку љубовта е важна во животот."Види повеќе
No comments:
Post a Comment