МОИТЕ ДРУГАРЧИЊА - МОЈАТА УЧИТЕЛКА
ГРАДИНК Е -,УЧИЛИШТЕ, САКАНО КАТЧЕ МОЕ, ВО ТВОИТЕ ПРЕГРАТКИ ЈАС СУМ ДЕТЕ ТВОЕ. --- МЕ ВОДАТ ВО ТЕБЕ ТАТО, МАМА, ДА УЧАМ, ПРАВАМ МНОГУ НЕШТА, ДОМА ДА НЕ СЕДАМ САМА. --- МНОГУ ДРУРЧИНЈА ВО ТЕБЕ ИМАМ, СЕКОЈ ДЕН ПЕЈАМ, СЕ СМЕЈАМ, ВО ТВОИТЕ ПРЕГРАТКИ СЕ ГРЕАМ. --- ИГРАЧКИ РАЗНИ ИМАМ ВО КУКЛЕНОТО КАТЧЕ ТВОЕ, ИГРАМ МНОГУ ИГРИ, НАЈПОВЕЌЕ СО КУКЛЕТО МОЕ. --- ВО ГРАДЕЖНОТО КАТЧЕ ГРАДАМ ВОЗ, МОСТ И КАМИОН, А СО ИСТИТЕ КОЦКИ ПОНЕКОГАШ И АВИОН. --- СТАПЧЕТО МИ Е КОЊ,ЗАМИСЛУВАМ СЕ' И СЕШТО, А МАЛИОТ СЛОН, ОД ЕДЕН ТОН, ЗА МЕ'НЕ Е ГОЛЕМО НЕШТО. --- ИГРАМ, УЧАМ, РАСТАМ, ЗАДАЧИ ЛЕСНО РЕШАВАМ, И МНОГУ ВРЕДНИ НАВИКИ СТЕКНУВАМ. --- СЕКОГО ПОЗДРАВУВАМ, ИГРАЧКИ НА МЕСТО РЕДАМ, РАЦЕ СЕКОГАШ МИЈАМ, ПРИМЕРИ УБАВИ СЛЕДАМ. --- УЧАМ ПО ТРОТОАР ДА ОДАМ, СЕМАФОР ДА СЛЕДАМ, КОГА УЛИЦА ПРЕМ,ИНУВАМ ЛЕВО - ДЕСНО ГЛЕДАМ. --- СЛУШАМ ПРИКАЗНИ РАЗНИ,:ЗА КРАВАТА, КОЊОТ И КУЧЕТО, ЗА МАЧЕТО ДЕКА НАЈИНТЕРЕСНО Е СИРЕЊЕТО ВО КЧЕТО. --- ЗА ВОЛК ЛОШ, БАБА МЕЦА И ЗА ЛИСИЦАТА - ИТРИЦА ВО УТРИНИ КРАСНИ, СЛУШАМ МНОГУ БАСНИ. --- РАЗГОВАРАМЕ ЗА УБАВИНИТЕ НА БОГАТАТА ЕСЕН И СНЕЖНАТА ЗИМА, РАЗЗЕЛЕНЕТАТА ПРОЛЕТ СО РАЗВИГОРОТ И ЖЕШТИНИТЕ ВО ЛЕТОТО ШТО ГИ ИМА. --- СЕКОЈ ДЕН СЛИКАМ, МОДЕЛИРАМ, СО ЉУБОВ ДЕКОРИРАМ, ОД СРЦЕ РАЗНОВИДНИ БОИ, ЗА УБАВИ НЕШТА ОДБИРАМ. --- НАУЧИВ ШТО Е ТОА ЗДРАВА ХРАНА (НАВЕДЕТЕ ГИ ПРОЕКТИТЕ И ДРУГИТЕ АКТИВНОСТИ, ПРОСЛАВИ И СЛ.) ---- СЕ ГРИЖИШ УМНА ДА БИДАМ, УЧИТЕЛКЕ МОЈА МИЛА, МИ ПОМАГАШ ДА ПОРАСНАМ, МНОГУ НЕШТА ДА НАУЧАМ. --- ЈАС И МОИТЕ ДРУГАРЧИЊА МНОГУ ТИ БЛАГОДАРИМЕ, ЗА ТВОИТЕ ДОБРИНИ ЉУБОВ ТИ ДАРИМЕ. --- РАЗДЕЛБАТА ( КУСА ) СО ТЕБЕ, УЧИТЕЛКЕ МОЈА ДРАГА, МНОГУ Е ТАЖНА, ОТИ НАСМЕВКАТА ТИ Е БЛАГА. --- ГРАДИНКЕ - УЧИЛИШТЕ, ТОПЛО ГНЕЗДО МОЕ, ДОГЛЕДАЊЕ ( ДО ЕСЕН) ТИ ВЕЛИ САКАНОТО ДЕТЕ (( УЧЕНИЧЕ )ТВОЕ. --- ПОРАКАТА ВО " ОДАТА НА ДЕТСТВОТО"SCENARIO ЧЕСНО И УМНО ЌЕ ЈА СЛЕДАМ, ОТИ ЈАС - ИДЕН ЧОВЕК, САКАМ ВИСТИНСКИ ДА ВРЕДАМ.
--- УЧИТЕЛКАТА СРЕЌАТА ПОСТОЈАНО НЕКА ВИ ЦВЕТА, БИДЕТЕ КАКО ПТИЦИ БЕЗГРИЖНО ШТО ЛЕТААТ! КАКО БРОД МИРНО ШТО БРОДИ, СЕ УБАВО ВО ЖОВОТОТ ДА ВИ ОДИ!
АВТОР --- ЕЛИСАВЕТА СМИЧКОСКА - КИКОВИЌ
П. С. РЕЦИТАЛОТ ВО ОДРЕДЕНИ ЦЕЛИНИ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРОТКАЕН СО СООТВЕТНИ ПЕСНИ И РИТМИЧКО- МУЗИЧКИ ИГРИ.
|
No comments:
Post a Comment