ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
О,РУК О,РУК
Орук,орук,
со баба и дедо
секој ден
корнам зеленчук.
Ми вели баба,
ми вели дедо-
ако јадеш грав,
ќе бидеш здрав.
Било морков,зелка...
треба да сакш,
само да е зеленчук
и да го делкаш.
Нема да бидеш болен,
тоа е добар знак-
тогаш стануваш
силен и јак. ЕК
ВИТАМИНИ
За појадок,ручек,вечера,
три пати на ден,
здрава храна јадам,
здрав сум како дрен.
Јадам овошје и зеленчук,
витамини примам,
само треба добар
апетит да имам. ЕК
Каков вкус имаат овошјето и зеленчукот? Каков им е мирисот? Каква им е бојата?
Кое е сочно, а кое не? Зошто велиме дека децата треба да јадат овошје и зеленчук?
Кажи кој зеленчук најповеќе го јадеш? Кое овошје ти е најслатко?
No comments:
Post a Comment