Monday, May 14, 2012

Почитта кон нашите родители!


Почитта кон нашите родители!




Среќно семејство

Се сеќавате ли колку се чинеше голем светото кога бевме мали? Се сеќавате ли колку злобно изгледаа луѓето во него? Многупати бевте можеби повредени? Удрени од некое дете? Можеби сте заплакале...Но, сетете се, кои луѓе беа тука за да ве утешат и да ви кажат дека се ке биде добро на крајот? ..Претпоставувам дека погодивте! Да, нашите родители! Луѓето кои секогаш стоеа насмеани за нас. И колку понекогаш да им беше тешко и да не беа во можност ке ни ја купеа најскапата играчка во родавницата само заради тоа што сме почнале да плачеме!...Се сеќавате ли понекогаш како беше кога бевме деца? Се сеќавате ли на оние прекрасни сончеви денови облиени во среќа и безгрижност?

Можеби ви се враќа по некој спомен. Можеби ви се враќа токму она жешко лето кога речиси сите скопски родители маршираа по жешкиот асфалт држејки не за рака со насмевка само за ние да бидеме среќни. Ви текнува ли како не држеа на плеќите за да гледаме на бината како пејат децата додека асфалтот испаруваше од жештината? Претпоставувам дека се сеќавате....А верувам и тие дека никогаш нема да го заборават тоа. Можете ли да замислите како им било нив додека ние сме се радувале?...Или пак како им беше додека беа во беспарична состојба а од продавницата за играчки можеби ни ја купувале една од најскапите играчки додека ние сме врескале? Неможете...Но, ке дознаете кога ке бидете како нив секако. И сега после се бидете искрени! Дали некогаш ни пререкле за сето ова??? Дали некогаш не потсетиле и условиле? - НЕ! Напротив! Покрај тоа што несебично ни купуваа колку што сакаме со цел да не се издвојуваме од нашите врсници ни ја подаруваа и нивната несебична љубов која ние ја ценевме многу повеќе отколку таа играчка која ке ни ја купеа. Зарем не беа тоа истите луѓе кои се радуваа на секој наш успех, и се разочаруваа на секој наш неуспех и пад?

Немојте да кажете дека сте заборавиле колку може да биде еден родител горд на своето дете а истовремено и разочаран. И да се чувствува дури полошо од вас кога ве гледа тажни, обесхрабрени разочарани. Факт е дека секогаш биле со нас. Ни биле најдобри пријатели кои никогаш не не заборавиле. И ден денес се! И можеби единствените луѓе кои искрено не сакаат и се грижат за нас.

Дали сега сфативте поради кои причини треба да ги почитуваме?

Дали ги научивте оние неколку лекции на кои не учеле целиот живот, и сеуште го прават тоа?

Ако одговорот е да, тогаш зошто им враќате со лошо за сето она што го сториле за вас? Зошто вашата мајка наместо мамо ја нарекувате по име или со погрдни зборови. Потрудете се ако не ништо друго наредниот пат кога ке ве замолат да донесете чаша вода да станете и да го сторите тоа. Вреди да ги почитувате зошто сиот свет ви го ставиле на дланка...

Ако ништо друго потрудете се да им обрнете внимание и да покажете дека сеуште се светла точка во вашиот живот. И дека сте тука за нив кога им е тешко, како и тие што се за вас. Целта ми е да ви укажам дека нема ништо повредно од родителската љубов...САКАЈТЕ ГИ, ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ, верувајте...ВРЕДИ!

Извор: Glamstik.mk

No comments:

Post a Comment