ЕКО РАЗГОВОР
од Sonce Objekt Dva во Среда, 23
мај 2012 во 17:23 ·
По улица оди Марко, слуша музика и врева,
Што ли ќе е ова лудо?
Ма, не Градинката повторно направила чудо?
Дворот го красат плодови разни,
Кој од кој поубави, ко да се од сказни.
Наближува Марко, шепот се слуша.....
Марко, Марко погледни ме мене,
јаготка сум црвена и фина,
најубава од сите, лапни – голтни
да ти бидат слатки дните.
Пст, Лимонка сум јас, најубава од сите!
Жолта сум по боја, денес сум дотерана,
шеширче и сукњичка си имам,
гости многу примам.
Уф, уф, уф колку лутам.
Пиперко најубав сум јас!!!
Не сум јас без врска
имам шарена вратоврска.
Имам боја црвена и јазиче пламено,
Не кажувај никому се заљубив во Лимонка
па имам очи ококорени
Чус чус од мене прават вкусен џус,
доматка сум јас црвена и фина, најубава од сите нели,
најсреќна сум кога ме јадат свежа.
Еве сум јас Калинка братучетка и на малинка.
Јас сум со круна на глава,
витамини што дава.
Вистинска принцеза една, ама во исхраната вредна.
Џан, џан јас сум Модар патлиџан, најубав нели?
Фраер сум на место, ама не сум од тесто.
Зеленчук важен, види ме,
голем и снажен.
Со свет во рака, секоја зарзаватка ме сака.
Под чадорче легната, со ладало в рака,
јас сум Ккраставица најубава нели?
Ме одгледа тетка Славица
убава, зелена, ме сака една Елена.
Од мене прави салати фини,
оти имам полно витамини.
Гр, гр, гр, викна Јаболкото црвено,
да го извадам црвчето во мене,
да не ме грицка веќе.
Најубаво ќе бидам нели?
На ужинка и во блакце
итам сите сакам да ве видам.
Повели, Марко напиј се веднаш,
сок од портокал ти нудам јас,
ако си болен ќе оздравиш за вчас.
Најубав и најздрав сум нели?
Секој за мене тоа го вели.
Жолта по боја, со вита става,
убавица од пети до гуша
јас сум најубавата круша.
Модерна сум ете, Адидас патики носам
и капче на глава и уживам голема слава.
Зелена пиперка, спремна за во тава,
лажица во рака и очила на глава.
Убава е нема што, насмеана од радост блика,
спремна да се слика.
Леле, едвај спасив глава,
зајко сака да ме грицне.
Како може тоа така, за вас деца сум на мака.
Може ли супа и салата без мене, ако сака зајко да ме земе?
Морковчето го гушна Марко силно и вели:
Најубаво од сите сум нели?
Зрно по зрно составено сум цело,
грозје сочно и зрело.
Најубаво сум јас, полно витамини,
од мене се прават сокчиња фини.
Гледа Марко и се чуди!
Се прашува сега најубав кој е?
Тешко е да се каже, помош барам од Вас сите.
Дојдете на изложба Ве молам,
па кажете најубав кој е?
Што ли ќе е ова лудо?
Ма, не Градинката повторно направила чудо?
Дворот го красат плодови разни,
Кој од кој поубави, ко да се од сказни.
Наближува Марко, шепот се слуша.....
Марко, Марко погледни ме мене,
јаготка сум црвена и фина,
најубава од сите, лапни – голтни
да ти бидат слатки дните.
Пст, Лимонка сум јас, најубава од сите!
Жолта сум по боја, денес сум дотерана,
шеширче и сукњичка си имам,
гости многу примам.
Уф, уф, уф колку лутам.
Пиперко најубав сум јас!!!
Не сум јас без врска
имам шарена вратоврска.
Имам боја црвена и јазиче пламено,
Не кажувај никому се заљубив во Лимонка
па имам очи ококорени
Чус чус од мене прават вкусен џус,
доматка сум јас црвена и фина, најубава од сите нели,
најсреќна сум кога ме јадат свежа.
Еве сум јас Калинка братучетка и на малинка.
Јас сум со круна на глава,
витамини што дава.
Вистинска принцеза една, ама во исхраната вредна.
Џан, џан јас сум Модар патлиџан, најубав нели?
Фраер сум на место, ама не сум од тесто.
Зеленчук важен, види ме,
голем и снажен.
Со свет во рака, секоја зарзаватка ме сака.
Под чадорче легната, со ладало в рака,
јас сум Ккраставица најубава нели?
Ме одгледа тетка Славица
убава, зелена, ме сака една Елена.
Од мене прави салати фини,
оти имам полно витамини.
Гр, гр, гр, викна Јаболкото црвено,
да го извадам црвчето во мене,
да не ме грицка веќе.
Најубаво ќе бидам нели?
На ужинка и во блакце
итам сите сакам да ве видам.
Повели, Марко напиј се веднаш,
сок од портокал ти нудам јас,
ако си болен ќе оздравиш за вчас.
Најубав и најздрав сум нели?
Секој за мене тоа го вели.
Жолта по боја, со вита става,
убавица од пети до гуша
јас сум најубавата круша.
Модерна сум ете, Адидас патики носам
и капче на глава и уживам голема слава.
Зелена пиперка, спремна за во тава,
лажица во рака и очила на глава.
Убава е нема што, насмеана од радост блика,
спремна да се слика.
Леле, едвај спасив глава,
зајко сака да ме грицне.
Како може тоа така, за вас деца сум на мака.
Може ли супа и салата без мене, ако сака зајко да ме земе?
Морковчето го гушна Марко силно и вели:
Најубаво од сите сум нели?
Зрно по зрно составено сум цело,
грозје сочно и зрело.
Најубаво сум јас, полно витамини,
од мене се прават сокчиња фини.
Гледа Марко и се чуди!
Се прашува сега најубав кој е?
Тешко е да се каже, помош барам од Вас сите.
Дојдете на изложба Ве молам,
па кажете најубав кој е?
No comments:
Post a Comment