Flipped classroom - Информации за родителите
Драги
родители,
На вашето дете му претстои интересна учебна година на часовите по англиски јазик. Начинот на работа оваа година ќе биде малку поразличен од она што досега сме го имале. Ние ќе го имплементираме наставниот модел кој е познат во светот како "flipped classroom".
Во традиционалната настава учениците седат во редица или во групи, свртени накај таблата и го слушаат наставникот како ја презентира (предава) лекцијата во поголемиот дел од времето на часот. По завршувањето на часот им се даваат задачи (вежби) кои учениците ги носат дома индивидуално да ги решат. Потоа, тие се враќаат на училиште следниот ден и ја следат истата рутина.
Ова можеби и не е најдобриот начин да им се помогне на учениците да научат поради неколку причини. Јас ќе се задржам на три:
Сите овие проблеми можат да се надминат со моделот на "flipped classroom".
Што всушност е "flipped classroom"?
Што е потребно вие како родители да направите за да го олесните новиот модел на работа?
Што бара овој модел на работа од ученикот?
Овој модел не го менува фактот дека учениците треба да ги завршат своите работни обврски дома. Едниствено нешто што се разликува од претходно е видот на работните обврски. Наместо решавање на вежби и активности кои не секогаш им се јасни, или истите погрешно ги решаваат, тие ќе треба да ги гледаат видео лекициите, да запишат она што е важно и да ги решат вежбите дадени во самото видео. Тие треба да дојдат подготвени на часовите со основните познавања на концептот, спремни да го научат подобро и побрзо. Не се очекува учениците да го совладаат целосно концептот, иако можеби некој од нив тоа ќе го постигнат. Овој модел на работа овозможува учениците да бидат одговорни за нивното учење, односно:
Индивидуална помош (1-на-1) или помош во мали групи се уште ќе биде обезбедена за време на часовите, како и по часовите за време на дополнителната настава. Учениците можат да ме контактираат и онлајн на www.edmodo.com во секое време и да добијат соодветна помош или насока.
Доколку имате било какви прашања, коментари или загрижување околу новиот модел на работа, или за било што околу часовите по англиски јазик пополнете го формуларот даден подолу. Јас ќе ви одговорам во најкраток временски рок.
Мораме да запаметиме дека заедничката соработка ќе им помогне на учениците да успеат. Ви благодарам што земате активна улога во едукативниот процес на вашето дете.

- Сите ученици учат со различна брзина. Кога предавам лекција на целото одделение, повеќето од учениците можат да ја следат лекцијата. Но секогаш има ученици кои побрзо ги сфаќаат работите (или имаат поголеми предзнаења) и вообичаено им е досадно на часовите. Од друга страна има ученици кои учат побавно (или имаат помали предзнаења) и на овие ученици им е потребно подолго време да ги процесираат информациите. Традиционалната настава не дозволува јас да им обрнам индивидуално внимание на сите три групи на ученици на сите часови.
- Учениците вообичаено носат дома домашни задачи кои не секогаш можат да ги решат сами со сигурност. Тие или бараат помош од некој друг (родител, другар, брат или сестра), или пишуваат било што колку да имаат напишано домашно, или ги препишуваат задачите од нивните соученици. Во сите три случаи, домашните задачи не им помагаат на учениците да го научат материјалот и целта на домашната работа се губи.
- Учениците се отсутни од настава во текот на годината од различни причини, болест, спортски или други активности, фамилијарни работи и сл. Бидејќи доста често лекциите по англиски јазик се поврзани едни со други, важно е тие да го надокнадат она што го пропуштиле. Тие или се обидеуваат сами да го научат она што го пропуштиле или остануваат после часовите наставникот повторно да им објасни она што било предавано на часовите.
Сите овие проблеми можат да се надминат со моделот на "flipped classroom".
Што всушност е "flipped classroom"?
- Она што вообичаено се прави на училиште, сега ќе се прави дома, односно учениците ќе ги добиваат лекциите дома преку видеа направени од мене. Тие ќе ги гледаат овие видеа на нивните компјутери, мобилни телефони или ЦД (доколку немаат интернет). Тие ќе фаќаат белешки за време на видеата, ќе ги паузираат за да запишат одредени работи, ќе можт да го премотаат видеото наназад доколку не разбрале нешто или да забрзаат нанапред доколку им се познати работите. Тие ќе можат да ја учат лекцијата во сопствено темпо и ќе бидат одговорни за нивното учење. Секое видео инволвира еден концепт и вообичаено треа 5 - 10 минути, значи ќе им биде потребно максимално 20 -30 минути за да се изгледа видеото и да се решат вежбите кои ќе бидат зададени. За време на видеото ќе им бидат зададени одредени задачи кои ќе им помогнат да го совладаат концептот подобро. Не се очекува од учениците да го совладаат концептот целосно само со гледање на видеото, но се очекува тие да го научат основното и да дојдат на училиште со прашања за тоа што не им е јасно за да дискутираме и вежбаме повеќе. Учениците нема да имаат видео за гледање за секој час, вообичаено една тема која се работи 1 месец, има 5 - 6 видеа, тоа би значело вообичаено по 1 видео неделно. Исто така бидејќи видеата се онлајн, учениците во секое време ќе можат повторно да ги гледаат и да се потсетат за она што сме го учеле и подобро да се спремат за тестовите.
- Бидејќи учениците ќе ја следат лекцијата дома, што тогаш ќе правиме на часовите по англиски јазик? Учениците ќе можат да учествуваат во дискусии за концептите кои ќе ги учиме и оние работи кои не им се јасни ќе им бидат објаснети или од мене или од нивните соученици. Тие повторно ќе имаат вежби и задачи кои ќе треба да се работат, но за разлика од претходно кога овие вежби беа задавани за домашно, сега ќе се работат на училиште каде што ќе можеме да ги работиме заедно. Бидејќи ќе се ослободи голем дел од времето на часовите, кое што претходно беше посветено на предавање, учениците ќе можат да работат на активности кои инволвираат повисоки нивоа на размислување, вежби и активности од комуникациски карактер, различни краткоротчни и долгорочни проектни активности. На часовите сега тие ќе можат да бидат активни учесници, а не само пасивно да седат и да слушаат она што им се предава. Исто така јас ќе можам да им посветам поголемо внимание на оние ученици кои ќе наидат на проблеми во совладувањето на материјалот. Оние ученици кои побрзо учат (или имаат поголеми предзнаења) ќе можат да добијат дополнителни вежби и активности за да го надградуваат своето знаење на повисоко ниво. Сето ова ќе овозможи имплементација на диференциран пристап на работа со различни групи на ученици.
Што е потребно вие како родители да направите за да го олесните новиот модел на работа?
- да обезбедите мирно место во домот каде ученикот ќе може да ја гледа видео лекцијата;
- поттикнете го внимателно да ги гледаат видеата, да паузира, запише она што е важно, да премота наназад доколку нешто не разбрал или му е потребно повторно да слушне, да ги реши сите вежби дадени во видеото и да запише она што не му е јасно за да можеме да го објасниме подетално во училиште;
- да не дозволите ученикот да дојде на час без да го гледа видеото, односно да дојде на училиште неспремен.
Што бара овој модел на работа од ученикот?
Овој модел не го менува фактот дека учениците треба да ги завршат своите работни обврски дома. Едниствено нешто што се разликува од претходно е видот на работните обврски. Наместо решавање на вежби и активности кои не секогаш им се јасни, или истите погрешно ги решаваат, тие ќе треба да ги гледаат видео лекициите, да запишат она што е важно и да ги решат вежбите дадени во самото видео. Тие треба да дојдат подготвени на часовите со основните познавања на концептот, спремни да го научат подобро и побрзо. Не се очекува учениците да го совладаат целосно концептот, иако можеби некој од нив тоа ќе го постигнат. Овој модел на работа овозможува учениците да бидат одговорни за нивното учење, односно:
- да направат план за тоа кога ќе ги гледаат видеата и тоа во време кога имаат најголема концентрација;
- да ги гледаат повторно видеата кога ќе треба да го повторат материјалот (особено пред тестови);
- доколку се отсутни од училиште да ги гледаат видеата и да дојдат спремни на час.
Индивидуална помош (1-на-1) или помош во мали групи се уште ќе биде обезбедена за време на часовите, како и по часовите за време на дополнителната настава. Учениците можат да ме контактираат и онлајн на www.edmodo.com во секое време и да добијат соодветна помош или насока.
Доколку имате било какви прашања, коментари или загрижување околу новиот модел на работа, или за било што околу часовите по англиски јазик пополнете го формуларот даден подолу. Јас ќе ви одговорам во најкраток временски рок.
Мораме да запаметиме дека заедничката соработка ќе им помогне на учениците да успеат. Ви благодарам што земате активна улога во едукативниот процес на вашето дете.
Create a free website with Weebly
No comments:
Post a Comment