Saturday, May 4, 2013

ZOSTO E POLEZEN KOMPIROT?


За што е полезен компирот?

За што е полезен компирот?
111 Читања
Дали ви се допаѓа да јадете компири? Имаме добри вести – компирите се корисни. И имаат лековити својства! Па, јадете ги храбро, но само да не се пржени! Тие можат многу да ни помогнат при одредени заболувања или непријатности. Еве кај кои.
ПРИ КИСЕЛИНИ
Проблем кој го имаат повеќето луѓе. Киселините исчезнуваат за минута, ако каснете печен компир. Без масти и сол, сепак!
ПРИ КАМЕЊА ВО БУБРЕЗИТЕ
При таков проблем најдобро главните оброци да вклучуваат компири. Магнезиумот во компирите помага при одстранување на камчињата и песокот. Убаво е да се комбинираат со земање на многу вода, барем 2 литри на ден.
КАЈ МОДРИНКИ И ОТОЦИ
Ако имате модринка ставете суров компир на местото и држете 15 минути.
ПРИ ИЗГОРЕНИЦИ
Исцедете сок од суров компир и намачкајте ја суровата кожа. Веднаш ќе почувствувате олеснување. Помага повеќе и од јогуртот. Истиот сок помага и при кожни проблеми како црвенило и чешање.
ПРИ ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК
Сварете ги компирите во малку посолена вода. Но, задолжително со лушпата. Нека ова биде ваш појадок барем два дена во неделата. Така ќе го одржите крвниот притисок во нормала.

Коментари

No comments:

Post a Comment